Возило на брзата помош на итна интервенција во Охрид по двосед кој боледувал од срцева боилест?

Објавил: Македонка Димкин | 25 август, 2018 13:11

СКАНДАЛ: Спасен „каучот кој добил инфаркт во Охрид„ (Фото)

Фото/Текст извор: ©фејсбук/ magazin.mk

На социјалната мрежа Фејсбук се појави фотографија на едно возило на Скопската брза помош каде што се гледа дека превезува кауч двосед.

Скопска брза помош во Охрид

Каква мака го натерало возачот да превезува материјални добра во возило наменето екзлузивно за пациенти на кои им е потребна итна помош не знаеме, но сепак ова е повеќе од скандал и самоволие.

Дали знае министерот Венко Филипче што прават возилата за брза помош во државава? Кој го плаќа ова таксирање на мебел со возило наметео за пациенти. Кој ќе плати ако исото се оштети имајќи во предвид дека во него има инструменти наменети за спасување на живот?

Историја за Медицинските екипи

Медицинските екипи на терен  се составени од лекар,медицинска сестра/техничар и возач.
Во текот на 24 часа, 365 дена итна медицинска помош пружаат осум –девет  екипи на подрачјето на градот Скопје. Во основа две од екипите  се распоредени во пунктот Јане сандански и Чаир,една екипаво пункт Ченто и четири  екипи  во базата на службата Карпош но сепак  распоредот  на екипите зависи  од потребата на градот и може да биде променет  во тек  на смена.

Во случај на потреба бројот на екипите се зголемува.Секое санитетско возило на Службата за ИМП опремено е со  стандардна медицинска опрема за итна медицинска помош..

Службата за Итна медицинска помош врши медицински транспорт на пациенти во градот, во државата и надвор од неа според медицинска индикација или по  лично барање на пациентот .

За преноси во градот се пријавува на бројот 194, а за во државата или надвор од неа  кај главната медицинска сестра.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Здравје

Дијагнозата во типичните случаи лесно се поставува врз основа на податоците од родителот за тегобите на детето,прегледот на детето и рутински биохемиски иследувања(леукоцити и леукоцитна формула ).

Кога се зголемуваат лимфните жлезди?

Зголемени лимфни жлезди не се ретка појава. Може да бидат последица на обична настинка...