Тројца ватерполисти на Црвена Звезда седеле во раните утрински часови во центарот на Сплит во кафиќ, кога ги нападнала група на уште неидентификувани луѓе.

Објавил: Перо Милчин | 9 февруари, 2019 21:21

СКАНДАЛ : Српски ватерполисти нападнати со метални шипки во Хрватска

Фото/Текст извор: ©онлине магаѕин

Ватерполистите на Црвена Звезда денеска беа нападнати во центарот на Сплит со метални шипки, а неколку играчи се повредени, рече директорот на Црвена Звезда Игор Милојевиќ.

Тројца ватерполисти на Црвена Звезда седеле во кафиќ во раните утрински часови во центарот на Сплит, кога ги нападнала група на уште неидентификувани луѓе со метални шипки и тупаници.

Натпреварот која требало да се игра против Морнарите, во сабота навечер е откажан, а цела делегација се враќа за Белград.

“Да не скокнев во морето ќе ме убиеја” рече Крањ после доаѓањето на полицијата и лекарската екипа, пишува хрватски сајт Гол. Сплитската полиција уште трага за напаѓачите, а како се дознава се работи за петмина млади луѓе.

Ватерполистите на себе имале маици и тренерки со натписи од српскиот клуб, а на местото на настанот им дошла група на млади луѓе која им побарала да ги соблечат маиците со натписите, пишува слободна Далмација.

За брзо време дошло до туркање и тепачка. Еден од ватерполистите се спасил со скок во море а другите побегнале. После доаѓањето на полицијата ватерполистот излегол од водата, а другите се вратиле во хотелот.

“Да не скокнев во морето ќе ме убиеја” рече Крањ после доаѓањето на полицијата и лекарската екипа, пишува хрватски сајт Гол. Сплитската полиција уште трага за напаѓачите, а како се дознава се работи за петмина млади луѓе.

На вонредната конференција за медиумите во просторите на Ватерполото на сојузот на Србија, се обратија Виктор Јелениќ и Игор Милојевиќ кој го осудија немилиот настан.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести