Според одлуката на Министерството, младата компанија која била основана на 19 Јуни 2018 победила на тендерот, па од игра неофицијално биле исфрлени АМСМ, АСУЦ Боро Петрушевски, ПСС и Ауто Македонија.

Објавил: Македонка Димкин | 29 август, 2018 17:40

СКАНДАЛ: Фирма стара само една недела, го доби милионскиот бизнис за полагање возачки испити во Скопје

Фото/Текст извор: ©алфа.мк

Фирма стара само една недела, го доби милионскиот бизнис за полагање возачки испити во Скопје. Авто испитен центар Скопје, сега ќе го работи тоа што беше работа на АМСМ во изминативе 10 години. Лиценцата за работа, штотуку отворената фирма ја добила од МВР на 14 месецов.

Авто испитен центар Скопје била отворена само пред 7 дена, пред МВР да го распишат јавниот конкурс за ангажирање фирма за полагање возачки испити. Според податоците од Централниот регистар, Авто испитен центар Скопје, е друштво формирано на 19 јуни, 2018 година. МВР пак јавниот конкурс за избор на фирма која ќе врши полагање возачки го распишале на 25 јуни, една недела по отворањето на фирмата.

Според одлуката на Министерството, младата компанија победила на тендерот, па од игра неофицијално биле исфрлени АМСМ, АСУЦ Боро Петрушевски, ПСС и Ауто Македонија.

Авто испитен центар Скопје доби милионски бизнис бидејќи во наредните пет години тие ќе бидат единствените што ќе спроведуваат теоретски и практични тестирања за возачки испити. Од овој бизнис во град со над 700 000 жители, годишниот обрт достигнува и до 1 милион евра, а познавачите велат дека фирмата стара седум дена до распишување на огласот, годишно може да има заработка и над 300.000 евра.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Настани