Според она што таа го изјави, наводниот инцидент се случил за време на УС Опен во 1997 година, а Дорис тврди дека Трамп ја допирал и ја бакнал.

Објавил: Катерина Крстиќ | 18 септември, 2020 12:30

СКАНДАЛ ЈА ТРЕСЕ БЕЛАТА КУЌА: Поранешна манекенка тврди дека Трамп сексуално ја злоставувал!

Фото/Текст извор: ©Kurir.rs/Tanjug

Поранешната манекенка Ејми Дорис тврди дека била сексуално злоставувана од американскиот претседател Доналд Трамп во 1997 година.

Според она што таа го изјави, наводниот инцидент се случил за време на УС Опен во 1997 година, а Дорис тврди дека Трамп ја допирал и ја бакнал.

Сè, наводно, се случило пред тоалетот во ВИП-куќата на Трамп во Њујорк.

Тогаш Дорис имала 24 години, а сега тврди дека Трамп ја држел цврсто за да не може да избега. Таа рече дека наводно тој го турнал јазикот во нејзиното грло, притискајќи ја за да не може да се движи и „ ја допирал по целото тело“.

“Тој едноставно го турна јазикот во моето грло, а јас се обидував да го оттурнам. Потоа, неговиот стисок стана посилен, а рацете почнаа да се движан  над целиот задник, градите, грбот, целото тело. Бев стиснатаи не можев да побегнам “, рече таа.

Трамп ги негираше сите обвинувања преку неговите адвокати.

Дорис сега живее на Флорида, а нејзините тврдења ги потврдуваат луѓето на кои им се доверила на инцидентот, вклучително и нејзината мајка и пријателка која ја повикала по инцидентот.

Ејми Дорис денес има 48 години и е мајка на две ќерки. Таа призна дека помина неколку дена со Трамп во септември 1997 година, кога беше со нејзиното тогашно момче Џејсон Бин на продолжен викенд во Њујорк.

Дорис исто така рече дека сериозно размислувала јавно да зборува за сè во 2016 година, кога другите жени излегоа во јавноста со тврдења дека биле сексуално малтретирани од републиканскиот кандидат за претседател на САД, но дека тоа не го сторила затоа што се плашела за безбедноста на своето семејство, односно за двете ќерки близначки.

„Како и да е, тие сега имаат 13 години и се доволно зрели што треба да знаат дека не смеат да дозволуваат никому да прави ништо што не му е дозволено, особено нешто што е несоодветно“, изјави таа за Гардијан Ејми.

 

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.