Како што соопштија градските власти на Фејсбук, непознати сторители деновиве на јужната страна на врвот на Водно уништиле видиковец.

Објавил: Весна Петровска | 17 јануари, 2020 17:45

СКОПЈАНИ ПРОДОЛЖУВААТ СО ДИВИЈАНТНОТО ОДНЕСУВАЊЕ – уништени објектите на Водно

Фото/Текст извор: ©онлајн магазин

Дивијантното однесување на скопјани се уште можеме да го видиме на падините на Водно, кршењето на објектите поставени на планината повторно уништени.

Од Град Скопје информираат за уништен видиковец на врвот на Водно.

Како што соопштија градските власти на Фејсбук, непознати сторители деновиве на јужната страна на врвот на Водно уништиле видиковец.

При вандалскиот чин урната е дрвената конструкција, а потоа истата е скршена и запалена.

Град Скопје апелира до граѓаните да ја чуваат и одговорно да се однесуваат со поставената урбана опрема во парк-шумата Водно и на сите други јавни површини во градот.

-Непознати сторители деновиве уништиле еден видиковец на јужната страна на врвот на Водно. При вандалскиот чин урната е дрвената конструкција, а потоа истата е кршена и палена.

Град Скопје апелира до граѓаните да ја чуваат и одговорно да се однесуваат со поставената урбана опрема во парк-шумата Водно и на сите други јавни површини во градот.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.