Во знак на револт поради ниските плати, вработени во полицијата, шумска полиција, судска и затворска полиција, кои се членови на Независниот синдикат на полицијата, со стотина возила денеска блокираа дел од улиците во Скопје.

Објавил: Весна Петровска | 2 октомври, 2019 13:29

СКОПЈЕ БЛОКИРАНО,ГРАЃАНИТЕ НЕРВОНИ: Илјадници возила заглавени на „Климент Охридски“ – ПОЛИЦИЈАТА ПРОТЕСТИРА!

Фото/Текст извор: ©онлајн магазин

Со барања да се врати достоинството на полицијата членството на Независниот синдикат на полицијата (НСП) денеска излезе на мирен протест.

Во знак на револт поради ниските плати, вработени во полицијата, шумска полиција, судска и затворска полиција, кои се членови на Независниот синдикат на полицијата, со стотина возила денеска блокираа дел од улиците во Скопје.

Во Скопје владее вистински хаос, сообраќајот е непрооден, возачите нервозни поради протестот на градските улици.

Протестот почна од крстосницата кај МРТВ, продолжи кон зградата на ССМ и пред Собранието. На пат кон зградата на МВР, тие застанаа и пред Министерството за правда.

Едно од главните барања на НСП е донесување на колективни договори и покачување на плата за 25 отсто на секој вработен во полицијата.

Пред неколку дена Орце Коцевски, генерален секретар на Независниот синдикат на полицијата (НСП) упати повик до полицајците да учествуваат на протестот закажан за денес.

Коцевски потсетува на ветувањето дадено од Владата дека ќе добијат подобри услови за работа и повисоки плати, но како што вели, како синдикалци се соочувааат со невидени притисоци при барањето на синдикалните права.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести