Не е ни изненадувачки фактот што Скопје денеска се најде на трета позиција на ранг листата на најзагадени градови во светот.

Објавил: Катерина Крстиќ | 30 октомври, 2019 9:07

СКОПЈЕ ПОВТОРНО ВО ТОП 3: Главниот град на Македонија енормно загаден

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Дојде есента, со тоа и заладувањето а со него под рака иде и затоплувањето на домовите. Па како и секоја година така и оваа повторно е актуелна темата за енормната загаденост. Така утринава загаденоста на воздухот во Македонија е на алармантно високо ниво.

Не е ни изненадувачки фактот што Скопје денеска се најде на трета позиција на ранг листата на најзагадени градови во светот.

Главниот град на Македонија енормно загаден

Ваквата слика е веќе со денови, а сезоната само што започна.  Македонија има неколку градови кои се наошаат на оваа листа на најзагадени во светот.

Граѓаните се плашат дека ова е само почеток, како ќе се намалуваат температурите така загаденоста ќе се зголемува.

Граѓаните се гушат и апелираат до власта да започне со преземање на мерки со кои ќе се спречи загадувањето.

 

Социјалните мрежи се преплавени со апел до власта дека крајно време е да се разбуди, за да не биде како минатата година кога граѓаните се гушеа во загадениот воздух, а надлежните си ја префрлаа одговорноста од институција на институција.

Инаку, со намалувањето на температурите, се очекува и загаденоста да биде зголемена.

Македонија има огромни проблеми со загаденоста, особено во градовите Битола, Тетово, Скопје, Куманово, но загаденост е присутна и во другите градови.

Инаку пред неколку дена излегоа и официјалните податоци од СЗО, каде се наведува дека во светот годишно од загадениот воздух умираат 8,8 милиони луѓе, додека од пушењето умираат 7,2 милиони. Во Европа, од загадениот воздух умираат околу 790 000 лица годишно.

Во Источна Европа, според СЗО, ситуацијата е посебно алармантна во Бугарија, Романија, Украина и Хрватска.

Македонија не е на оваа листа на СЗО.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Време

Главната причина за кавгата меѓу актуелниот лидер на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски и неговиот претходник Никола Груевски е во личните суети, а не во политичките разлики поврзани со уставните измени, смета првиот лидер на партијата и експремиер Љубчо Георгиевски.

Георгиевски: Груевски претходно ги сруши измените на КЗ што сега му се потребни и за кои плаче

Прашан во интервју за емисијата „Трилинг“ дали владејачката гарнитура е подготвена...