Советничка груопа на ВМРО

Објавил: Узунов Бобан | 16 септември, 2019 11:01

“Скопје стана касапница на кучиња”

Фото/Текст извор: ©магазин

Советничка група на ВМРО-ДПМНЕ во Град Скопје обвинува дека по 2 години власт на градоначалникот Петре Шилегов, Скопје стана касапница на кучиња скитници и преплашени граѓани.

Во продолжение следува интегрален текст од нивното соопштение: 

„Еден од главните проблеми на Градот Скопје е со кучињата скитници. Од една страна градот има нехуман третман кон животните, од друга страна таквиот ригиден и нехуман третман се враќа со низа проблеми за граѓаните.

Шилегов 2 години нема решение за кучињата скитници. На почетокот на својот мандат тој кажа дека Вардариште е минато. Вети и дрско излажа.

Во својата програма за градот Скопје вети нов стационар со европски стандарди. Нема ниту с од нов стационар за Шилегов.  Епилогот по 2 години власт на Шилегов е Скопје касапница на кучиња скитници, нехуман третман кон животните и преплашени граѓани.

Грозоморниот чин со убиените кучиња во Аеродром е доказ за капитулацијата на Шилегов и неговиот неуспех во справувањето на овој акутен проблем.

Наместо евтин ПР на возење тротинет низ Градот, Шилегов да ги засука ракавите и веднаш да дејствува.

Наместо модерна метропола Шилегов Скопје го претвори во касапница од 16 век.

Доколку Шилегов наместо крадоначалник беше вистински градоначалник ќе го решеше проблемот со кучињата скитници.

Две години крадоначалник Шилегов, 2 години лаги, криминал и неработа“.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести