Според информациите на МВР, дваесет и две лица се здобиле со лесни телесни повреди во 17 сообраќајни незгоди, од вкупно 24, што се случиле изминатиот викенд на подрачјето на Град Скопје. Во седум сообраќајни незгоди е причинета материјална штета.

Објавил: Весна Петровска | 16 септември, 2019 9:40

СКОПЈЕ СТАНА ФРОНТ: Повредени 22 лица

Фото/Текст извор: ©онлајн магазин

Скопските улици станаа фронот на кои секојдневно возачите при сообраќајки се повредуваат.

Според информациите на МВР, дваесет и две лица се здобиле со лесни телесни повреди во 17 сообраќајни незгоди, од вкупно 24, што се случиле изминатиот викенд на подрачјето на Град Скопје. Во седум сообраќајни незгоди е причинета материјална штета.

Според податоците на СВР Скопје, од сообраќај полицијата исклучила 20 возачи кои управувале возило под дејство на алкохол, 41 пред да се стекнат со право на управување на моторно возило и пет возачи почетници и 41 нерегистрирани возила.

За непрописно паркирање се издадени 182 мерки, а со специјалното возило „пајак“ подигнати се 110 возила.

Казнети се и осум пешаци кои поминале коловоз вон пешачки премин, девет возачи кои поминале крстосница на црвено светло, двајца возачи кои не дале првенство на минување на пешаците на обележан пешачки премин, тројца за неправилно престигнување, 14 за некористење на заштитен шлем од страна на возачите на велосипед со мотор, мопед и мотоцикл, 15 за неносење сигурносен појас од страна на возачите за време на управување на моторно возило и 13 за користење мобилен телефон за време на управување моторно возило.

За жал и покрај засилените мерки од страна на Министерството за внатрешни работи не успеа да ги намали сообраќајките во главниот град. Неодамна во Скопје на Илинденска од несовесен возач беа повредени четрии жени на пешачки премин. Жените се здобија со тешко повреди и итно беа пренсени на Ургентниот центар каде им беше укажана лекарска помош. 

 

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.