Првиот од серијата „ЕПК разговори” е со Нови Сад 2022, а наскоро ќе следат и разговорите со Риека 2020 и Темишвар 2023.

Објавил: admin@magazin | 9 февруари, 2021 13:31

Скопје 2028 – Кандидат за Европска престолнина на културата

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Скопје 2028 – Кандидат за Европска престолнина на културата започнува со серија на видео-разговори со претставници на тековни и идни градови Европски престолнини на културата под наслов „ЕПК разговори”.

Со овие видеа-разговори го лансираме и YouTube-каналот на Скопје 2028.

Првиот од серијата „ЕПК разговори” е со Нови Сад 2022, а наскоро ќе следат и разговорите со Риека 2020 и Темишвар 2023, велат од град Скопје!

Разговаравме со Вук Радуловиќ, Менаџер на секторот за меѓународна соработка Фондација „Нови Сад 2021 – Европска престолнина на културата“!

Нови Сад (Србија) беше избран да биде Европска престолнина на културата за 2021 година, во натпревар со други градови од земји ЕУ-кандидати или членки на Европската економска зона. Програмскиот концепт на Нови Сад е развиен под слоганот „За нови мостови“.

Поради ефектите од кризата предизвикана од корона вирусот, Европската комисија предложи одложување на годината во која Нови Сад е носител на Европска престолнина на културата, од 2021 во 2022.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.