На 26 јули 1963 година Скопје го погоди земјотрес во кој животот го загубија над 1.100 жители

Објавил: Мирко Бачиќ | 25 јули, 2018 11:41

Скопје – 55 години по катастрофалниот земјотрес

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Катастрофалниот земјотрес се случи во 5 часот и 17 минути а како резултат од истиот животот го загубија над 1.100 жители – над 3.000 беа повредени а над 200.000 жители останаа без дом со што беа срушени нешто над 75% од градот. Земјотресот од 1963 година беше една од најкатастрофалните природни непогоди во Скопје и Македонија.

Утре точно во 5 часот и 17 минути на пет различни локации низ Скопје ќе се спроведе перформанс во траење од една минута. “Разбуди се Скопје” ќе е аудио – уметничка акција која треба да ги потсети граѓаните на точното време на катастрофалниот земјотрес и жртвите од него.

Поради информираност на граѓаните звучните локации се Музејот на современа уметност на Македонија – Музејот на Град Скопје – Градскиот трговски центар и Порта Влае додека по булеварот “Партизански одреди” ќе се движи озвучено возило.

Трагичниот настан во текот на денот ќе биде одбележан на повеќе локации со низа настани од кој централен ќе биде “Зборува Скопје”.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.