Тетово троши најповеќе а плаќа најмалце

Објавил: Македонка Димкин | 18 јануари, 2022 22:22

СКОРО ПОЛОВИНА ОД ОПШТИНСКИТЕ БУЏЕТИ ЗА ПЛАТИ И НАДОМЕСТОЦИ

Фото/Текст извор: ©министерство за финансии

Вкупните расходи на општините, согласно третиот квартал септември 2021 година, изнесува близу 49 проценти кои одат на плати и надоместоци, додека нешто над 18 отсто од реализацијата на вкупните расходи се потрошени на стоки и услуги.

Според професорот Борче Треновски, во контекст на вкупните расходи, постои огромна дискрепанца меѓу различните општини поврзани со вкупните расходи пред се по глава на жител. Па така, просекот на расходи по глава на жител е некаде околу 17. 500 денари.

Град Скопје со општините троши скоро 25 илјади денари по глава на жител, додека руралните општини трошат негде 13.508 денари по глава на жител а, урбаните околу 15 илјади денари по глава на жител. Ова според професорот Треновски значи дека остатокот од општините имаат скоро двојно помалку расходи по глава на жител од Град Скопје со општините. 

Она што е специфично во оваа насока е разликата во број на вработени во расходите за плати при различните општини. Имате општини коишто имаат ист број на жители и иста економска структура, отприлика имаат двојно до тројно повеќе вработени од други општини, а каде расходите за плати во делот на општините стигнуваат дури и до 80 до 85 проценти. Тие општини многу тешко функционираат затоашто не им остануваат средства за други намени.“– вели универзитетскиот професор, Борче Треновски.

Гледано на индивидуално ниво по општини, може да се забележи трендот дека најголем дел од вкупните расходи на општините се трошат на плати и надоместоци. 

Охрид во делот на вкупната реализација на расходите близу 37 проценти одат на плати, близу 14 проценти од расходите одат на ставката „други градежни објекти“, а скоро 2 отсто од расходите одат на купување на опрема и машини.

Гостивар, од вкупните трошици близу 47 отсто одат на плати а скоро 11 отсто на ставката „други градежни објекти“.

Тетово, скоро 49 отсто од буџетските трошоци одат на плати, 19 отсто на придонеси за социјално осигурување и близу 9 отсто на договорни услуги.

Штип, близу 42 отсто од расходите одат на плати, нешто над 16 отсто на придонеси за социјално осигурување, додека над 13 отсто на ставката други градежни објекти.

Расходи на ЕЛС со реализација 01.01. – 30.09.2021 година

Охрид

Основни плати – 36.9%

Други градежни објекти – 13.4%

Купување на опрема и машини – 1.1%

 

Гостивар

Основни плати – 46.5 %

Други градежни објекти – 10.9%

 

Тетово

Основни плати – 48.9%

Придонеси за социјално осигурување – 18.9%

Договорни услуги – 8.5%

Штип

Основни плати – 41.8%

Придонеси за социјално осигурување – 16.3%

Други градежни објекти – 13.0%

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.