Пејачката на својот профил на Инстаграм објави фотографија со познатиот режисер Томаж Пандур, кој почина во април 2016 година.

Објавил: Катерина Крстиќ | 19 февруари, 2020 19:05

СКРШЕНА ОД БОЛКА: Северина не може да ја сокрие тагата што повеќе го нема: Недостасуваш!

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Пoзнатата хрватска пејачка Северина Којиќ имаше многу бурен период, па дури и сега кај неа цветаат рози. И покрај сите случувања, таа се обиде да остане насмеана, но денес не можеше да ја скрие нејзината тага.

Пејачката на својот профил на Инстаграм објави фотографија со познатиот режисер Томаж Пандур, кој почина во април 2016 година.

Тој денес би наполнил 57 години, а Северина не ја крие болката дека го нема.

– Недостасуваш … На сите ни недостасуваш. Денес го славиме твојот роденден – напишала пејачката,во описот на фотографијата.

За потсетување, истакнатиот словенечки режисер Томаж Пандур почина во 2016 година, за време на проба на претставата „Крал Лир“ во Македонскиот народен театар. Роден во 1963 година, Пандур режија дипломирал во Љубљана. Тој беше еден од најпознатите режисери, а меѓу најпознатите претстави се „Фауст“, „Хамлет“, „Медеја“, „Божествена комедија“, „Тесла“… 

Инаку во медиумите во последно време не престанува да кружи и веста дека Северина не е во добри односи со нејзиниот сегашен сопруг Игор Којиќ. Таа и Игор се уште не ги потврдиле ниту пак отфрлиле ваквите тврдења, но јавноста веќе се сомнева дека можеби парот ќе стави крај на бракот и љубовта.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.