Роден е во селото Влахи, Мелничко, Пиринска Македонија, на 31 мај 1872 година.

Објавил: admin@magazin | 22 април, 2021 7:50

СЛАВА ТИ: На пат од Мелник кон Неврокоп, кај Роженскиот манастир, од заседа е убиен Пиринскиот цар Јане Сандански

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Јане Сандански е врвна личност во македонското национално ослободително движење пред и по Илинденското востание од 1903 година.

Роден е во селото Влахи, Мелничко, Пиринска Македонија, на 31 мај 1872 година.

Во МРО стапил во 1899 година после неговото запознавање со Г. Делчев. Во Пиринскиот крај, формирал своја чета со која дејствувал и станал непомирлив борец против врховизмот.

Телото на Јане Сандански. Според некои извори, организатор на убиството на Сандански бил Стојан Филипов, а како физички убиец се посочува Андон Качарков. Подоцна судот ги ослободил поради недостиг на докази. Јаневото тело било пронајдено од еден караван, по што било пренесено во Роженскиот манастир.

Заедно со војводите Х. Чернопеев и К. Асенов, во август 1901 год. го организирале грабнувањето на американската протестантска мисионерка мис Елен Стоун за откуп од 14000 турски златни лири.

После убиството на Г. Делчев, станува раководител на Серскиот револуционерен округ. За време на младотурскиот режим (1908 – 1912 г.) се наоѓа на чело на основаната во Солун Народна федеративна партија. За време на Првата балканска војна со поголем одред зел активно учество на страната на сојузниците.

Во есента 1914 година, во полниот разгор на австриско-српскиот судир, кога Пиринска Македонија била во составот на Бугарија, мнозина македонски револуционери и Јане Сандански, токму во подготовките и почетокот на четнички акции во Македонија под Србија и Грција под раководство на ВМРО на Александров, биле во своите родни краеви во Македонија под Бугарија, или во Софија. Во тоа време Јане Сандански главно живеел во Мелник, како легален граѓанин.

Убиството на Јане Сандански било извршено на 22 април 1915 година кај месноста Блатата на патот од Рилскиот манастир за Неврокоп. Бил нападнат од 7-8 души кои биле вооружени со пушки и најверојатно биле од неврокопската чета на ВМРО, еден од нив го заобиколил и го застрелал во грб.

Се претпоставува дека нападот бил организиран од Стојан Филипов, а како физички убиец бил посочен Андон Качарков. Судот сепак ги оправдал поради недостиг на докази. Трупот на Јане бил пронајден од карванџии.

На околу 200 м источно од Роженскиот манастире црквата Св Свети Кирил и Методиј, изградена во 1914 година од страна на Јане Сандански.

Таму се наоѓа и неговиот гроб. По известувањето за заговорот против него, Фердинанднајверојатно ја поддржувал идејата за ликвидација на Јане, но на неговиот погреб испратил венец, кој е поставен од Јонко Вапцаров.

На надгробната мермерна плоча се читаат неговите зборови: „Да живееш, значи да се бориш. робот – за слобода, а слободниот – за совршенство”.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.