Лелеци во текстилната и кожарската идустрија која вработува 40.000 луѓе

Објавил: admin@magazin | 16 јуни, 2018 10:04

Славески: Мерките на владата доживеаа крах

Фото/Текст извор: ©Магазин.мк

Во вечерашната емисија Топ Тема на телевизија Телма гостуваа актуелниот вице премиер Кочо Анѓушев и поранешниот министер за финансии Трајко Славески. Имено во емисијата се зборуваше за економија и за поразителните политики кои ги води владата на Република Македонија која доживеа дебакл на економски план после сите очекувања од огромен раст во првиот квартал од 2018 година.

Таа според податоците од Државниот завод за статистика растот на БДП изнесува катастрофални 0,1 што е најлош во регионот и Европа. Исто така поранешниот министер за финансии Трајко Славески ги коментираше мерките на актуелната влада посебно во кожарската и текстилната идустрија за пораст на минималната плата и ги окарактеризира како неуспешни поради фактот дека не донесоа никакви конкретни позитивни резултати.

– Концептот за растот на платите промовиран од министерот Тевдовси доживеја крах истакна Славески .

Славески дипломирал на Економскиот факултет во Скопје во 1983 година, а магистрирал и докторирал на истиот факултет во 1988 и 1997 год., респективно. Постдипломските студии ги завршил на Калифорнискиот државен Универзитет во Чико, САД (1986 – 1987 год.) и на Универзитетот Харвард (1989 – 1990 год.). Во март 2003 година бил избран во звањето вонреден професор за предметите Макроекономија и Државна регулација.
Славески бил визитинг професор на Државниот Универзитет во Аризона во 1997 год. Од 1999 год., предавал на последипломскиот студиум „South Easteren European Studies“ на Националниот и каподистриски Универзитет во Атина, Грција.

Поранешниот министер и професор објасни дека со покачувањето на минималната плата се предизвика притисок на повисоките плати и дека веќе има жалби од оваа мерка од повеќето стопанственици.

– Лелелците во текстилната и кожарската индустрија која вработува повеќе д 40.000 луѓе докажуваат дека целиот концепт доживеа неуспех.

Трајко Славевски кажа дека владата не донесе добри закони и тие се покажаа дека не функционираат во пракса. Целокупната економска политика не е добро обмислена и затоа Македонија доживеа катастрофални економски резултати во првиот квартал.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Економија

Треба да се нагласи дека во сите споменати земји минималната законска граница за пензионирање обично е повисока од 65 години и е во процес на зголемување.
Во Германија – првиот сосед на Франција – се погласни се барањата за работа до 70 години.

Возраста за пензионирање во Германија постепено се зголемува – од 65 на 67 години, што треба да се случи до 2031 година.

Колкави се пензиите во Европската унија, а колкави во регионот?

Франција е земја со втора најголема јавна потрошувачка за пензии во ЕУ, зад Грција...

Станува збор за прецизирање на одлуката за повластена стапна што Владата ја донесе на 28 септември, но минатата недела се создаде конфузија откако дел од производите што беа опфатени со оваа мерка се најдоа и на листата од околу 1 000 продукти за кои ДДВ-то се зголеми од пет на 10 проценти како „луксузни производи“.

Основните прехранбени производи остануваат со повластен ДДВ од пет отсто

Основните прехранбени производи остануваат со повластена стапна на данок на додадена...