ВМРО-ДПМНЕ одамна кажа дека ќе направи се за да се реализира петтиот пакет мерки. Има индустрии кои се многу погодени и треба се размислува и за дополнителна помош во некои индустрии како текстилната, рече професор Трајко Славески, член на Извршниот комитет на ВМРО- ДПМНЕ на гостувањето во централниот Дневник на телевизија Сител.
Секогаш треба да ја гледаме локомотивата а тоа се извозно ориентираните сектори. Требаше многу посериозна стратегија не само за економијата туку и за здарвството. Се беше водено од политиката гледано низ призма на избори, на попис“, рече Славески.
Според Славески, министерот за здравство Филипче треба да го следи примерот на австрискиот колега.
„Тој треба да замине од функцијата, а на негово место да дојде нова посвежа личност, затоа што се направени огромни грешки досега“, рече Славески.
Тој се осврна и на концептот на прогресивен данок.
»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.
You must be logged in to post a comment.