Таа истакна дека порано ја исмејувале поради оваа одлука, но неа тоа не и претставувало проблем.

Објавил: Катерина Крстиќ | 6 октомври, 2020 13:52

Славната пејачка има 28 години и сѐ уште е невина- се чува за брак

Фото/Текст извор: ©Магазин.мк

Познатата пејачка Ели Брук, која е членка на женскиот бенд „Петта хармонија“ на 28 години се уште е девица и тоа го призна јавно.

Таа ваквата одлука да ја чува невиноста сѐ додека не се омажи, ја објаснила во своите мемоари.

Јавноста беше изненадена од ваквото откритие на Брук и не веруваа дека таа е сè уште девица на 28 години. Таа во своите мемоари напиша дека ќе се чува до бракот, односно додека не се омажи Али Брук нема да спие со мажи. Таа на оваа тема прозборе и во интервјуто  за „Холивуд роу“.

– Тоа го ставив во мојата книга, се отворив за тоа. Среќна сум што можам да го споделам со моите обожаватели и читатели, да им покажам каква одлука донесов, а тие тоа нека го прифатат како што сакаат – рекла пејачката. Додала и дека сите досегашни момчиња ја почитувале нејзината одлука.

Таа истакна дека порано ја исмејувале поради оваа одлука, но неа тоа не и претставувало проблем.

– Имаше моменти кога луѓето ме исмејуваа или не ми веруваа, но јас едноставно морам да го имам тоа во моето срце, да ја знам својата вистина и само да пуштам да биде како што е. Неверојатно е чувството кога ќе видите дека некој го почитува тоа. Никогаш не почувствував никаков притисок – заклучила пејачката.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.