Ќе биде претежно тивко со што ќе има услови за појава на магла и на ниска облачност по одделни котлини, особено во ноќните и во претпладневните часови.

Објавил: admin@magazin | 14 декември, 2020 17:59

СЛАВЧО ПОПОСКИ: ГРАЃАНИТЕ ЗА СКОРО ВРЕМЕ ДА НЕ ОЧЕКУВААТ СНЕГ И СНЕЖНА ПОКРИВКА – ДЕТАЛИ ТУКА

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Според најновите анализи кој ги направивме укажуваат на тоа дека во најскоро време снег и снежна покривка во Македонија нема да има, односно во текот на следниот период ќе имаме претежно стабилно, суво и сончево време, повремено со умерена облачност.

Ќе биде претежно тивко со што ќе има услови за појава на магла и на ниска облачност по одделни котлини, особено во ноќните и во претпладневните часови.

Максималните дневни температури на воздухот ќе се искачуваат во интервалот од 7 до 13, 14 степени што значи дека поголемо заладување на времето засега не се очекува.

И во Скопје и околината следува период на стабилно и суво време со услови за појава на магла и на ниска облачност, особено во ноќните и во претпладневните часови.

Максималните дневни температури во текот на следните денови ќе се искачуваат во интервалот од 8 до 10 степени.

За нови, детални и по потреба обновени метео информации, следете го официјалниот фејсбук профил на Славчо Попоски тука

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Време

Главната причина за кавгата меѓу актуелниот лидер на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски и неговиот претходник Никола Груевски е во личните суети, а не во политичките разлики поврзани со уставните измени, смета првиот лидер на партијата и експремиер Љубчо Георгиевски.

Георгиевски: Груевски претходно ги сруши измените на КЗ што сега му се потребни и за кои плаче

Прашан во интервју за емисијата „Трилинг“ дали владејачката гарнитура е подготвена...