Истовремено, Министерството за труд и социјална политика на граѓаните им го честита Денот на независноста.

Објавил: Весна Петровска | 2 септември, 2019 16:45

Следи продолжен викенд, понеделник неработен за сите граѓани

Фото/Текст извор: ©онлајн магазин

Министерството за труд и социјална политика соопшти дека согласно со Законот за празниците, 8 септември 2019 година (недела), Денот на независноста, односно 9 септември 2019 година (понеделник) е неработен ден за сите граѓани.

Истовремено, Министерството за труд и социјална политика на граѓаните им го честита Денот на независноста.

Еве кои неработни денови останаа до крајот на годината.

Неработен ден за сите граѓани на Република Македонија

За сите граѓани на РМ

1 јануари (вторник), Нова година,
7 јануари (понеделник), Божик, првиот ден на Божик според православниот календар,
29 април (понеделник), Велигден, вториот ден на Велигден според православниот календар,
1 мај (среда), Ден на трудот,
24 мај (петок) „Св. Кирил и Методиј“ – Ден на сесловенските просветители,
4 јуни (вторник), Рамазан Бајрам, првиот ден на Рамазан Бајрам,
2 август (петок), Ден на Републиката,
8 септември (недела), Ден на независноста, односно 9 септември (понеделник) е неработен ден,
11 октомври (петок), Ден на народното востание,
23 октомври (среда), Ден на Македонската револуционерна борба,
8 декември (недела), „Св. Климент Охридски”, односно 9 декември (понеделник) е неработен ден.

За граѓаните од католичка вероисповед

– 1 ноември (петок), Празникот на сите светци,
25 декември (среда), првиот ден на Божик.

За граѓаните припадници на албанската заедница во РМ

– 22 ноември (петок), Ден на албанската азбука,

За граѓаните припадници на српската заедница во РМ

27 јануари (недела), Свети Сава

За граѓаните припадници на ромската заедница во РМ

8 април (понеделник), Меѓународен ден на Ромите,

За граѓаните припадници на влашката заедница во РМ

23 мај (четврток), Национален ден на Власите,

За граѓаните припадници на еврејската заедница во РМ

9 октомври (среда), Јом Кипур, првиот ден на Јом Кипур,

За граѓаните припадници на бошњачката заедница во РМ

28 септември (сабота), Меѓународен ден на Бошњаците,

За граѓаните припадници на турската заедница во РМ

21 декември (сабота), Ден на настава на турски јазик.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести