Конкурсот кој што се подготвува, предвидува вработување на вкупно 800 административци, од кои 640 ќе бидат Албанци, а 160 од други етнички заедници, велат извори од ДУИ за весникот „Лајм“.

Објавил: Владо Марин | 21 октомври, 2020 9:31

Следната недела конкурс за вработување на 640 Албанци во администрацијата

Фото/Текст извор: ©република/магазин.мк

Следната недела се очекува да биде објавен оглас за вработување на албанци во администрацијата, велат партиски извори од ДУИ.

Конкурсот кој што се подготвува, предвидува вработување на вкупно 800 административци, од кои 640 ќе бидат Албанци, а 160 од други етнички заедници, велат извори од ДУИ за весникот „Лајм“.

Сега ни е полесно. Првиот вицепремиер е од редовите на ДУИ, Артан Груби, министерот за финансии е наш, Фатмир Бесими. Ќе има повеќе вакви конкурси за постигнување адекватната застапеност“, најавуваат од ДУИ, објавувајќи ги овие долго очекувани информации од јавноста, особено од младите кои штотуку дипломирале.

Лидерите на СДСМ, Зоран Заев и на ДУИ, Али Ахмети на 19 август објавија дека постигнале договор за владина коалиција!

-Меѓу СДСМ и коалицијата „Можеме“ и ДУИ постигнат е коалициски договор за создавање парламентарно мнозинство, за распределба на одговорности, состав и принципите на новата влада со полн мандат која во следните четири години ќе работи посветено на интересите на граѓаните и на државата, рече Заев, кој посочи дека ќе ја предводи владата во следните четири години.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.