сабота, 20 април 2024

MK/ EN/ DE



Трамп сè уште не е на патот кон целосно закрепнување, изјави изворот кој побарал да остане неименуван, пренесува Си Ен Ен.

Објавил: Катерина Крстиќ | 4 октомври, 2020 10:46

Следните 48 часа се клучни за Трамп

Фото/Текст извор: © Миа.мк

По обраќањето на лекарите кои рекоа дека американскиот претседател Доналд Трамп се чувствува добро, неименуван, добро информиран извор рече дека „виталните функции на претседателот во последните 24 часа се загрижувачки и дека следните 48 часа ќе бидат клучни“.

Трамп сè уште не е на патот кон целосно закрепнување, изјави изворот кој побарал да остане неименуван, пренесува Си Ен Ен.

Претходно, медицинскиот тим на Трамп соопшти дека тој е добро, дека не е на кислород и дека немал температура последните 24 часа.

И Трамп се огласи преку Твитер, и објави ново видео во кое рече дека не се чувствувал добро кога дошол во болницата Валтер Рид, но дека сега се чувствува добро и дека следните неколку дена ќе бидат клучни за неговото закрепнување.

Трамп во видеото од неговата болничка соба рече дека се чувствува „многу подобро“ и се надева дека „брзо ќе се врати“, еден ден по контрадикторните пораки од Белата куќа за неговото здравје, откако му беше дијагностициран Ковид-19.

– Следните неколку дена се клучни; тоа ќе биде вистински тест, ќе видиме што ќе се случи во текот на следните неколку дена, рече Трамп, кој во видеото седи покрај тркалезна маса пред знамето на САД.

(МИА)

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.


Ние користиме колачиња за да ја подобриме практичноста на веб-страницата. Со вашата посета се согласувате со ова.