Ќе дува умерен, повремено засилен ветер од северен правец, најизразен Долж Повардарието. Максималните дневни температури ќе се искачуваат во интервалот од 1 до 9 степени.

Објавил: Перо Милчин | 23 март, 2021 8:07

СЛЕДУВААТ МНОГУ НИСКИ УТРИНСКИ ТЕМПЕРАТУРИ НА ВОЗДУХОТ – ДЕТАЛИ

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Денес и утре времето во Македонија ќе се задржи променливо облачно со услови за локално провејување на снег, додека на некои пониски места ќе има услови за проврнување на слаб дожд и снег.

Ќе дува умерен, повремено засилен ветер од северен правец, најизразен Долж Повардарието. Максималните дневни температури ќе се искачуваат во интервалот од 1 до 9 степени.

Во Скопје и околината времето ќе биде променливо облачно со умерен до засилен ветер од северен правец. Локално ќе има услови за провејување на слаб снег,додека максималната температура ќе се искачи до околу 5 степени.

Потоа од четврток па натаму ќе имаме претежно стабилно, суво и сончево време со мала до умерена локална облачност. Минималните температури ќе се спуштаат во интервалот од -8 до 0 степени, додека максималните дневни ќе бидат во постепен пораст, особено за време на викендот кога ќе се искачуваат во интервалот од 8 до 17 степени.

За нови, детални и по потреба обновени метео информации, следете го официјалниот фејсбук профил на Славчо Попоски тука

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Време

Главната причина за кавгата меѓу актуелниот лидер на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски и неговиот претходник Никола Груевски е во личните суети, а не во политичките разлики поврзани со уставните измени, смета првиот лидер на партијата и експремиер Љубчо Георгиевски.

Георгиевски: Груевски претходно ги сруши измените на КЗ што сега му се потребни и за кои плаче

Прашан во интервју за емисијата „Трилинг“ дали владејачката гарнитура е подготвена...