Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец, кој во горниот дел од Повардарието краткотајно ќе засили. Температурите на воздухот ќе се искачуваат во интервалот од 7 до 16 степени.

Објавил: Перо Милчин | 8 март, 2021 17:59

СЛЕДУВА ДРАСТИЧНА ПРОМЕНА НА ВРЕМЕТО: ВЛАЖЕН И СТУДЕН БРАН НИ НОСИ ДОЖД, СНЕГ И СЕВЕРЕН ВЕТЕР

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

До крајот на денов, како и во вечерните и ноќните часови во нашата држава облачноста ќе се зголемува и особено на запад, северозапад и на север ќе има услови за повремен слаб дожд, додека на планините ќе провејува слаб снег.

Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец, кој во горниот дел од Повардарието краткотајно ќе засили. Температурите на воздухот ќе се искачуваат во интервалот од 7 до 16 степени.

Потоа под влијание на влажен и постуден воздушен бран кој се спушта од северозапад, утре и во среда ќе имаме променливо облачно време. Утре повремени локални врнежи од дожд и снег на планините ќе има особено на северозапад и на север, додека во среда врнежите ќе се прошират насекаде и ПОИНТЕНЗИВНИ ќе бидат на запад каде локално ќе наврнат над 30 л/м2 воден талог. На планините снежната покривка значително ќе се зголеми (за над 20 сантиметри).

Исто така поради присуството на постуден воздух кој ќе се спушта од север во среда ќе започне да дува умерен, повремено засилен ветер од северн правец што ќе услови ЗНАЧИТЕЛНО ЗАЛАДУВАЊЕ на времето, особено кон крајот на денот и во текот на ноќта кон четврток. Токму поради ова врнежите од дожд ќе преминат во врнежи од снег и на повисоките места, додека снежната граница има услови на некои места да се спушти и под 1000 метри и тоа особено на север и на запад, до што услови за послаби локални врнежи од снег ќе има и на некои пониски места во среда кон крајот на денот и во текот на ноќта кон четврток.

Максималните дневни температури утре, како и во среда ќе се искачуваат во интервалот од 6 до 12 степени. Во среда навечер и во текот на ноќта кон четврток истите ќе бележат тенденција на ЗНАЧИТЕЛЕН пад и до четврток наутро на повеќе места ќе се спуштат под нулата, односно истите ќе се спуштаат во интервалот од -6 до 2 степени.

Во четврток и во петок пак ќе имаме претно стабилно, суво и малку потопло време.

За нови, детални и по потреба обновени метео информации, следете го официјалниот фејсбук профил на Славчо Попоски тука

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Време

Главната причина за кавгата меѓу актуелниот лидер на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски и неговиот претходник Никола Груевски е во личните суети, а не во политичките разлики поврзани со уставните измени, смета првиот лидер на партијата и експремиер Љубчо Георгиевски.

Георгиевски: Груевски претходно ги сруши измените на КЗ што сега му се потребни и за кои плаче

Прашан во интервју за емисијата „Трилинг“ дали владејачката гарнитура е подготвена...