Ќе дува слаб до умерен, а Долж Повардарието и на исток повремено засилен ветер од северозападен правец. Максималните дневни температури ќе се искачуваат во интервалот од 2 до 13 степени.

Објавил: Владо Марин | 18 февруари, 2021 12:32

СЛЕДУВА ПЕРИОД НА СТАБИЛНО И СУВО ВРЕМЕ – МАКСИМАЛНИТЕ ТЕМПЕРАТУРИ СЕ ПОВИСОКИ

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

До крајот на денов времето во Македонија ќе биде сончево и потопло преку ден со умерена локална облачност. Во претпладневните часови во североисточните предели ќе има услови за локално и слабо провејување на снег.

Ќе дува слаб до умерен, а Долж Повардарието и на исток повремено засилен ветер од северозападен правец. Максималните дневни температури ќе се искачуваат во интервалот од 2 до 13 степени.

Во Скопје и околината времето ќе биде сончево со умерена облачност и со слаб до умерен ветер од северозападен правец. Повремено ветерот ќе засилува. Максималната дневна температура ќе се искачи до околу 10 степени.

Потоа во следните денови под влијание на стабилна и сува воздушна маса, времето ќе биде стабилно, суво и сончево, повремено со умерена локална облачност. Во претпладневните часови по одделни котлини ќе има услови за појава на магла и ниска облачност. Минималните температури сеуште ќе бидат ниски и понекаде ќе се спуштаат до околу -10 степени, додека максималните ќе бидат во позначителен пораст и ќе се искачуваат во интервалот од 5 до 14 степени.

За нови, детални и по потреба обновени метео информации, следете го официјалниот фејсбук профил на Славчо Попоски тука

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Време

Главната причина за кавгата меѓу актуелниот лидер на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски и неговиот претходник Никола Груевски е во личните суети, а не во политичките разлики поврзани со уставните измени, смета првиот лидер на партијата и експремиер Љубчо Георгиевски.

Георгиевски: Груевски претходно ги сруши измените на КЗ што сега му се потребни и за кои плаче

Прашан во интервју за емисијата „Трилинг“ дали владејачката гарнитура е подготвена...