Додека пак црногорската влада одлучи од денеска да ги затвори угостителските објекти во уште пет општини Будва, Цетиње, Колашин, Улцињ и Жабљак.

Објавил: Владо Марин | 19 октомври, 2020 7:23

Словенија денеска ќе прогласи состојба на епидемија

Фото/Текст извор: ©Магазин.мк

Словенечкиот премиер Јанез Јанша на Твитер објави дека в понеделник ќе биде прогласена 30-дневна епидемија, со построги мерки на национално ниво.

Додека пак црногорската влада одлучи од денеска да ги затвори угостителските објекти во уште пет општини Будва, Цетиње, Колашин, Улцињ и Жабљак.

Одлуката е донесена поради влошената епидемиолошка состојба со Ковид 19 во тие градови. Ќе биде воведен полициски час од 22 часот до 5 наутро. Дополнително

Во Европа се забележани вкупно 250.030 починати од Covid-19, на 7.366.028 заразени, според податоците кои ги сумирала AFP во неделата, од кои повеќе од две третини во Велика Британија каде има 43.646 почината и 722.409 заразени, во Италија со 36.543 починати и 414.241 зразени, во Шпанија со 33.775 починати и 936.560 заразени, во Франција со 33.392 починати и 866.197 заразени и во Русија со 24.187 починати и 1.399.334 заразени.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.