Поради повреда на воведниот натпревар на новиот квалификациски циклус во четвртокот против Летонија од списокот за настап испадна Ферхан Хасани.

Објавил: admin@magazin | 24 март, 2019 23:13

Македонија се враќа со бод од Словенија!

Фото/Текст извор: ©онлине / магазин

Словенија играше за мала нијанса подобар фудбал од нашата репрезентација во првото полувреме, имаше дури седум шанси, од кои беа четири во рамките на голот на Столе Димитриевски, а една од нив ја затресе неговата мрежа.

Домаќините во Словенија имаа одличен контранапад преку Шпорар, кој одлично ја нафрли топката до Зајц, кој погоди за водство од 1-0.

Во завршетокот од првите 45 минути, Енис Барди доби одлична топка, по што имаше добра шанса, но неговиот удар заврши над голот на Јан Облак.

Енис Барди (роден на 2 јули 1995 во Скопје) — македонски фудбалер со албанско потекло, играч од средниот ред на Леванте и на македонската фудбалска репрезентација.

Во второто полувреме Барди се искупи за промашувањето, па во 47. минута успеа да ја затресе мрежата.

Во продолжение од мечот имаше уште неколку шанси на двете страни, но мрежите останаа да мируваат и Македонија го запиша и првото реми во квалификациите.

Поради повреда на воведниот натпревар на новиот квалификациски циклус во четвртокот против Летонија од списокот за настап испадна Ферхан Хасани, а селекторот Игор Ангеловски не се реши на негово место да повика друг играч. 

Репрезентацијата на Македонија денеска предпладне го одржа и официјалниот тренинг на стадионот Стожице, но вечерашниот натпревар заврши со изедначување од 1:1 против Словенија, со што се играше вториот натпревар од новите квалификации за ЕП 2020.

 

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Фудбал

Репрезентативците на Марково се вистинско изненадување на ова првенство. За потсетување, тие со својата пожртвувана игра претходно во осминафиналето успеаја да ја елиминираат репрезентацијата на Шпанија.


Фото: EPA-EFE/Ali Haider
Напаѓачот и најголема ѕвезда на Португалците, Кристијано Роналдо и овој меч го започна на клупата за резервни играчи. Во игра влезе во 51. Минута, кога селекторот на Португалија реши да го стави на местото на Рубен Невеш.

Португалија имаше доволно време да израмни, напаѓаше силно, но не успеа да ја затресе мрежата на одличниот голман на Мароканците, Боно.


Фото: EPA-EFE/Georgi Licovski
Мароко во полуфиналето ќе ги одмери силите со подобриот од вториот денешен четвртфинален натпревар на Светското првенство во Катар што ќе го играат репрезентациите на Франција и Англија.

Вчера во драматични натпревари, со пресврти за пласман во полуфиналето се изборија репрезентациите на Хрватска и Аргентина кои се првата полуфинална двојка.

Мароко испиша историја: Ја победи Португалија и оди во полуфинале на Светското првенство во Катар

Мароко во полуфиналето ќе ги одмери силите со подобриот во вториот денешен четвртфинален...

Триумфот го донесе Александар Трајковски. Милевски емотивно заедно со останатите играчи го прослави големиот успех, а има и две причини за радост. Првата е секако победата над Италија, а втората е дека денес (25 март) му е роденден!

Благоја Милевски е роден во 1971 година во Скопје. Полни 51 година, баш заедно со победата над Италија. Селекторе, среќен нека е и само успеси со Македонија!

МАКЕДОНИЈА НАПРАВИ СВЕТСКО ЧУДО: Ја победи Италија на нејзин терен и обезбеди финален бараж за Мундијал!

Македонија ги елиминира европскиот првак Италија среде Палермо и дојде само на еден...