На телефонската седница на Владата одржана вчера, согласно развојот на ситуација со КОВИД 19 во нивната земја, Словенците решија да ги укинат речиси сите рестриктивни мерки.

Објавил: Владо Марин | 15 мај, 2020 9:28

Словенија прва во Европа прогласи крај на епидемијата!

Фото/Текст извор: ©Магазин

Словенија официјално со одлука на Влада прогласи крај на епидемијата и карантинот воведен поради корона вирусот.

Националниот институт за јавно здравје процени дека сите показатели покажуваат дека ширењето на коронавирусот се смирило!

 Словенија за точно два месеци успеа да ја совлада епидемијата и моментално има најдобра епидемиолошка слика во Европа, а тое е услов да прогласиме крај на епидемијата на коронавирусот. Датумот 31 мај е одбран бидејќи тогаш завршува и поддршката предвидена со двата Закон во помош на граѓаните и економијата погодена од глобалната пандемија, изјави Јанша.

Јанша потврди и дека по прогласувањето на крај не епидемијата, заштитните превентивни мерки во земјата ќе останат. 

Првиот потврден случај на коронавирус во Словенија е регистриран на 4 март, а до 13 мај беа потврдени 1.464 случаи.

Од коронавирус до сега починаа 103 лица.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.