Новата влада е 13-та од осамостојувањето на Словенија и е составена од пет партии од центарот и левиот центар по тримесечен период на преговори по изборите

Објавил: Мирко Бачиќ | 14 септември, 2018 6:33

Словенија со нова, малцинска Влада

Фото/Текст извор: ©online/магазин.мк

Пратениците во словенечкиот парламент изгласаа нова, малцинска Влада на лев центар на премиерот Mарјан Шарец.

Од вкупно 90 пратеници, за новата Влада гласаа 45 пратеници, 34 беа против, а 11 беа или воздржани или отсутни.

Непосредно пред гласањето, Шарец од парламентарната говорница истакна дека Владата ќе биде фокусирана на унапредување на здравствениот систем, намалување на бирократските трошоци и обезбедување стабилен економски амбиент во Словенија.

Повеќе од три месеци по парламентарните избори во Словенија и неуспехот на Словенечката демократска партија на Јанез Јанша да формира влада, формиран е нов кабинет, составен од членови од пет партии од центарот и левиот центар а Шарац беше именуван за мандатар минатиот месец.

Од самостојноста, ова е 13-та словенечка Влада, која ќе биде составена од 16 министри.

Досегашниот премиер Миро Церар ќе биде шеф на дипломатијата, а досегашниот министер за надворешни работи Карл Ерјавец ќе биде министер за одбрана.

*Марјан Шарец е Словенечки политичар и актер. Својата кариера ја започнал како комичар и политички сатирист но подоцна почнал да има посериозен пристап кон политиката. Во два мандати бил реизбран за градоначалник на Камник.

Бил кандидат за претседателските избори во Словенија на кои очекувано изгубил од актуелниот претседател Барот Пахор. Бил избран за член на парламентот на Словенија каде ја застапува сопствената политичка партија “Листa од Марјан Шарец.” Вкупно Шарец има 4 годишен стаж како политичар.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.