Рускоска тврди дека тогаш на распит биле повикани Зоран Заев и неговиот брат, Вице, но поради немање докази случајот во 2018 е затворен.

Објавил: Катерина Крстиќ | 26 јануари, 2020 11:50

Случајот беше затворен поради немање докази- се огласи Рускоска по новата бомба од „ЛА ВЕРИТА“

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

По објавената снимка во италијанскиот весник Ла Верита, насловен “Купопродажба на гласови во Македонија” се огласи и обвинителката Вилма Русковска која изјави дека објавените документи од италијанскиот весник „Ла Верита“ се дел од истрагата која се спроведувала во 2014 и 2015-та година.

Денеска Ла Верита објави ново продолжение од вчерашната бомба. Обвинителството во Скопје има снимени разговори во кои се зборува за купопродажба на гласови. Социјалистите посебно ги таргетирале Ромите: кој ги следел наредбите, добивал за возврат пари или градежен материјал

Рускоска тврди дека тогаш на распит биле повикани Зоран Заев и неговиот брат, Вице, но поради немање докази случајот во 2018 е затворен.

„Тоа што објави „Ла Верита“ се извадоци од истрагата на обвинителството. Кога ќе се видат целите разговори, дело нема“, изјави вчера Рускоска за медиумите.

Денеска весникот „Ла Верита“ објави второ продолжение во кое се наведува дека Заев плаќал по 10 евра за гласови.

Постоечката документација во Обвинителството за борба против организиран криминал во Скопје поседува извадоци од снимени разговори од кои може да се заклучи дека експремиерот Зоран Заев заедно со неговиот брат Вице Заев, зборувајќи отворено на телефон, управуваат со развиена мрежа за купување гласови базирана на пари и уцени, со цел добивање гласови, посебно од Ромите кои живеат во Струмица, пишува Ла Верита.

 

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.