Во судницата беа повикани четворица сведоци на одбраната, а тоа ја налути Фатиме Фетаи која истакна дека на рочиште би можело да се сослушаат и до 15 сведоци и да се обезбеди поефикасно и навремено завршување на постапката за „Монструм", пренесе МКД.МК.

Објавил: Весна Петровска | 14 мај, 2019 12:23

Случај„ Монструм“: Фетаи се налути во судница

Фото/Текст извор: ©онлајн магазин

Судењето за случајот Монструм денеска продолжи во Кривичениот суд.

Во судницата беа повикани четворица сведоци на одбраната, а тоа ја налути Фатиме Фетаи која истакна дека на рочиште би можело да се сослушаат и до 15 сведоци и да се обезбеди поефикасно и навремено завршување на постапката за „Монструм”, пренесе МКД.МК.

СЈО реагираше и на фактот што адвокатите на обвинетите наместо да повикаат сведоци кои биле сослушани во првата постапка, повикале и нови сведоци, а прв беше дуќанџија кој замоли да биде сослушан што побргу, бидејќи, како што рече, го затворил дуќанот за да дојде да биде сведок.

На денешното рочиште ќе бидат сослушани само 2 сведоци на одбраната.

Роднините на убиените момчиња и на рибарот од Црешево денес не се присутни во судница, а не беа ниту на минатото рочиште.

За петкратното убиство кај Смилковско Езеро на 12 април 2012 година, кога беа убиени момчињата Кире Тричковски, Филип Славковски, Цветанчо Ацковски, Александар Наќевски и рибарот Борче Стефановски, на доживотен затвор беа осудени Алил Демири, Африм и Агим Исмаиловиќ, Езим и Хаки Азири и Сами Љута.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.