Полицијата и пожарната доше после ооколу 20 минути, а потоа и брзата помош.

Објавил: Македонка Димкин | 25 ноември, 2021 8:00

„Слушнав вресоци, плач и видов лица црни и облеани со крв“ – вели очевидец кој прв пристигнал на местото на несреќата

Фото/Текст извор: ©магазин

Валентин Георгиев, е првиот кој пристигнал на местото на големата автобуска несреќа и трагедија на автопатот „Струма“, уште пред да дојдат полицијата и пожарните возила и тој им помагал на преживеаните од катастрофата.

Во понеделник вечерта Георгиев, кој работи како курир и вози камион, патувал од Софија до Благоевград, а за бугарската телевизија Нова раскажа за хоророт што го видел на местото на несреќата.

„Најпрво мислев дека шумата гори. Пламените јазици беа огромни. Ако не се лажам сигурно беа два-три метри. Силен пожар“, вели Георгиев.

Кога се приближил, видел автобус како гори. Тој е и првиот очевидец на трагедијата, уште пред да пристигнат полицијата и противпожарната бригада.

„Камионот ми беше на стотина метри од запалениот автобус. Кога се симнав, ги слушнав вресоците. Преживеаните врескаа и плачеа. Лицата им беа облеани во крв, црни “, се сеќава Георгиев.

Тој побрзал да помогне. Првото нешто што го здогледал е момче кое се обидувало да ја спаси својата девојка.

„Викаше: „Полиција, полиција“. Ја носеше девојката во раце. Мислам дека имаше повреда на ногата бидејќи куцаше. И ја испушти на патот. Ја преместив девојката до крајот на автопатот. Мислам дека и беа скршени нозете. Мажот беше без чорапи, бос. На другата девојка и беше ладно, и дадов јакна да се стопли. Им дадов вода“, вели Георгиев.

Еден од мажите викаше „сине, сине“, очигледно неговиот син бил во автобусот. Тој дури почна да влегува, но јас го спречив. Единственото нешто што можеше да се слушне од автобусот беше како стаклата се кршат од самата температура и како гореше “, додаде човекот.

Полицијата и пожарната доше после ооколу 20 минути, а потоа и брзата помош.

Васко Белески за Магазин вели:
јас би го решил проблемот на многу едноставен начин: Новата влада мора да го отвори регистарот за сите дозволи за граѓаните и тоа онлине преку АП, секој кој врши траснпорт, дали е тоа Автобус, Такси, Брод или Камион, ќе мора да има еден QR CODE преку кој граѓаните ќе можат со својот смартфон директно да го проверат дали тој ги има сите потребни документации, дали вршел навреме технички преглед и дали персоналот е квалифициран. Истото може да се примени и кај други фирми кои се јавни и би можеле да бидат од интерес на граѓаните
Во секој случај тоа ќе биде едноставен систем каде што при самото сканирање на кодот ако е се во ред ќе се појави зелена бија, ако не е во ред тогаш црвена. Граѓаните тоа ќе го знаат и компанијата ќе има обврска тој код да го печати на картите , да го има на своето возило итн. Со ова нема да има можност повеќе по макеоднските патишта да се возат  технички неисправни возила. 
Од друга страна пак, на границите да се воведат елктронски читачи каде што истите преку регистарскиот број ќе можат автобусот , или друго јавно возило да го проверат дали ги има сите документи уредни, кој седи позади воланот, итн. Само со ваква една конторла и сеопфатна јавна контрола ќе се стави крај и превентивно ќе се натера секој сопственик да рабноти според законот без никакви манипулации, бидејќи патникот ќе му биде најголемиот и најопасниот контролер. Бидејки никој и никој не сака да се вози со неисправни Автобуси со неискусни возачи а поготово со фирми кои веќе имале 4 кривични пријави.
Жално е вели Белески што и после несреќата кај Ласкарци власта во заминување не успеа да воведе ред за кој„наводно„ се залагаше. И уште нешто вели Белески, што побргуи Македонија ќе се ослободи од Албанската Мафија манифестиран преку ДУИ и Заев толку  побргу ќе се решат многу проблеми а кои се дитректно поврзани зо доброто на граѓаните на Македонија.

„Несреќата, како што вели Георгиев очигледно се случи 10-15 минути пред да стигнам таму. Веројатно сите беа веќе или задушени или мртви. Трчав до камионот по вода, по цигари, по јакни, постојано трчав“.

Трагедијата во Бугарија со автобуската несреќа во која загинаа 45 луѓе отвори многу прашања – најважните и најтешките – кој ќе одговара за несреќата? Дали воопшто ќе се лоцираат вистинските виновници? 

Во моментов сеуште има дилеми како и зошто се запалил Автобусот? Пред три години се преврте Автобус кај Ласкарци и тогаш се насочуваше на човечка грешка , но и после три години сеупте не се разјаснати околностите а веќе имаме друга уште поголема.

Руфат Хусеини – директор на Државниот инспекторат за транспорт вчервечер за ТВ24 изјави дека тие 4 пати ја конторлирале фирмата БЕСА ТРАНС но наѓалост не го затекнале кобниот Автобус. На прашањето на новинарката која инситираше на прашањето дали ќувстува вин и одгворност, тој ладно одгвоори дек не чувствува морална одгвороност но додека ако некој тоа го побара од него тој ќе дадек оставка. 
Овде се поставува прашањето врз којо основа вршеле инспекторите проверка? Директорот Хусеини целосно се изгуби во гостувањето и еднаш рече дури дека тие „појма немале„ колку Автобуси имала фирмата БЕСА ТРАНС. Значи инпсекцијата оди да конторлира ама незнае шо контролира? Хусеини прифатил да биде директор иако проценил дека 13 инспектори неможат да конторлираат над 2000 Автотранпсортни фирми. 

Но како би требало да изгледа во една нормална држава каде што владее законот и истиот се спроведува:

Инспекцијата може да бдие најавена но и ненајавена. Во двата слуачи Инспекциската служба треба да си прибере информации, каде оди, што оди да конторлира, колку возила има фирмата, каков е нивниот распоред , кои автобуси ќе ги заткенат тука кои не. Се тоа се прави со припрема. Дотичниот господин кој се престави за директор е и директне соучесник виновник на несреќата на Автобусот во Бугарија, бидејќи тој не се припремил добро, не собрал доволно информации за БЕСАТРАНС и при контролата незнаел што контролира. И ако се знае уште фактот дека истиот е поставен од Али Ахмети, тогаш Ахмети освен во 2001 ќе мора да си ги припише и овие невини ќртви на своја сметка, бдиејки неговата власт му е поваѓна од сузбивање на корупцијата која очигледно е на дно.

Хусеини вината ја префрла на царинските работници, и точно и тие не си ја завршиле работата. 

 

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести