Сум те сакала, сум ти подарила патлиџани и краставици, мои, за салата дома, а ти Грујо ќе го враќаш? А, бе, не ти давам, јасно?

Објавил: Весна Петровска | 6 јануари, 2020 11:34

СМЕШНИ И НЕВЕРОЈАТАНИ: Геро и возврати на Јоци: Крастајците шо ми ги даваше беа одлични!

Фото/Текст извор: ©онлајн магзин

Новинарката Јорданка Ивановска Јоци синоќа на својот профил на социјалните мрежи го прозва Героски дека секогаш го бранела, па дури и му давала краставици и патлиџани за салата, а он почнал да ги напаѓа колегите:

,,Геро, го претера. Сите линии ги премина и сите кодови ги сруши.
Сите не` загрозуваш. А, точно знаеш кои ,,сите”, три месеци пред избори.
Ти више немаш прича, ти имаш шпекулации у нечија кампања. Шо, Ивчева ти е ниво?

Пишуваш ,,овој..оној…го донеле оние..”. Дај, бе, имиња, факти, докази! Едно е прича у мирнодопски услови, друго е причици у кампањи, у војна. Ми пишуеш пред некој ден кај Софи Куновска, си ме поддржувал околу заканиве. Нишо ти не поддржуваш. Да ти е јасно. Виртуелни поддршки не се важат.

Шо ти е поентава, Грујо ќе го враќаш? И? Како ќе легнеш утре на перница? Со која совест?

Сум те сакала, сум ти подарила патлиџани и краставици, мои, за салата дома, а ти Грујо ќе го враќаш? А, бе, не ти давам, јасно?

Има една англиска поговорка – ,,birds from same feather, always fly together”. Колку ќе сфатиш, не знам. Но, леташ сам.

Ајде, сега, пиши ферман, брани се од ,,своите”. Можда некој ќе те сфати.
Кој? Ајде, влези во војна. Исцрпи се до даска. Добра ноќ!”

На ова во коментар и одговори Героски:

,,Драга Јоци. Како што знаеш, јас сум џентлмен. Нема да ти одговарам. Нема да те навредам. Пиши што сакаш. Само ќе потврдам дека парлиџаните и краставиците беа одлични.”

По оваа изјава Јоци стана хит на Твитер па веднаш Јоци се пожали на својот Фесјбук профил.

– Ме забављаат вмровците по твитери.
Се фатија за краставицата.
Дечки, ,,краставицата” беше за вас. Симболика.
А, другиот дел од писанието за публиката која разбира и на која и` се обраќам. Вие не сте тие.

Јас секогаш имам по некоја тривија, среде пост, за да се закачат глупи.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.