Смоква е медитеранско дрвенесто растение од родот фикус. Дрвото е ниско со разгранета крошна. Нејзиниот плод се употребува во исхраната како свеж, така и сув.

Објавил: admin@magazin | 12 февруари, 2020 23:36

СМОКВА- Листовите се препорачуваат при дијареја, дизинтерија, кашлица, болки во стомакот

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Богатиот хемиски состав условува висока хранлива вредност на ова овошје. Плодовите од неа се употребуваат во свежа и преработена состојба. Погодни се и за сушење. Тие се ценат како хранливо и диетално средство за регулирање на активностите на дигестивниот систем и при кардиоваскуларни заболувања.

Смоква е медитеранско дрвенесто растение од родот фикус. Дрвото е ниско со разгранета крошна. Нејзиниот плод се употребува во исхраната како свеж, така и сув.

Смоквата е листопадна билка со многу разгранета кошница. Старите гранки се сиви, додека младите тамнозелени. Листовите се наизменични, големи и неправилно палчесто делени. На младимте гранки при дното се наоѓаат залистоци.

Смоквите погодни се и за сушење. Тие се ценат како хранливо и диетално средство за регулирање на активностите на дигестивниот систем и при кардиоваскуларни заболувања.

Ситни цветови се наоѓаат во вдлабвната крушвидна оска на цветот. Плодот е цветен плод; ситните плодови се поврзани се со сочна крушовидна оска на светот. Цвета од мај до јуни. Опрашувањето кај смоквите е врзано за животниот циклус на една сорта осилки и сакриен је од очите на луѓето.

Стаништето на смоквата е на топлите, заштитени места. За татковина на смоквата се смета југоисточна Мала Азија, односно земјите од источното Средоземје. Од каде што е распространета првенствено во пределите си медитеранска клима. Билката најубаво успева во топлите краишта, во близина не мора, но може да се одгледува и во континентаните предели. Поради тенката кора, таа е осетлива на ниска температура.

Листовите од смоквата се препорачуваат при дијареја, дизинтерија, кашлица, болки во стомакот и цревата. Надворешно се користи за нанесување на рани и чирови на кожата, против првут и исто така го чисти и заздравува епидермисот, потоа служи за гаргара- при забоболка и болно грло.

Во форма на напивка – 1 лажица сецкани листови се варат 1-2 минути во една чаша вода и се оставаат да отстојат 30 минути.

Се пие три пати на ден по една чаша. Една чаша од истата напивка, измешана со половина лажичка маслиново масло, претставува многу добро средство против нервни грчеви.
Против првут се користи истата напивка, само што на почетокот пред да зоврие се додава 1/2 лажичка морска сол и една лажица вински оцет. Се нанесува на коренот на косата.

Смоквата исто така се корсити за правење на џем, мармалад и познатото слатко од смоква.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Здравје

Дијагнозата во типичните случаи лесно се поставува врз основа на податоците од родителот за тегобите на детето,прегледот на детето и рутински биохемиски иследувања(леукоцити и леукоцитна формула ).

Кога се зголемуваат лимфните жлезди?

Зголемени лимфни жлезди не се ретка појава. Може да бидат последица на обична настинка...