Од Српската листа порачуваат од надлежните органи да ја преземат ситуацијата во свои раце и веднаш да го приведат човекот кој пишува смртни закани за претседател на држава.

Објавил: admin@magazin | 9 април, 2019 17:58

СМРТНИ ЗАКАНИ ПО ЖИВОТ за српскиот претседател Вучиќ -„Само метак во чело„

Фото/Текст извор: ©онлине магазин

Потпретседателот на Српската листа Игор Симиќ објави на својот Фејсбук профил порака од извесен Драган Костиќ, како упатува смртни закани по живот за српскиот претседател Александар Вучиќ и за србите кои живеат на Косово !

Извесен Драган Костиќ напиша коментар за српскиот претседател Александар Вучиќ и србите кои живеат на Косово, дека им следува смртна закана и дека заслужуваат само „метак во чело„

Од Српската листа порачуваат до надлежните органи да ја преземат ситуацијата во свои раце и веднаш да го приведат човекот кој пишува смртни закани за претседател на држава.

Драган Костиќ напиша дека претставниците од Србија кои се во Косовската влада, исто така се издајници како и претседателот Вучиќ.

Тој напиша дека сите заслужуваат „метак во чело„. Потпретседателот на Српската листа Игор Симиќ рече дека борбата за правда за српскиот народ на Косово, ќе ја продолжат и понатака.

Од полицијата очекуваме да се приведат сите лица кои упатуваат јавни закани по смрт за високи претставници во владата и дека вакви случаи не смеат да се толерираат, рече Симиќ за весникот Ало.рс.

Синот на српскиот претседател Александар Вучиќ, Данило, се најде на мета на закани и говор на омраза на социјалните мрежи. Нему на „Фејсбук“ му се заканувал С. М. дека ќе виси на бендера. Инаку, С. М. на профилната фотографија на Фејсбук е со автоматско оружје. На синот на српскиот претседател преку „Фејсбук“ му се упатени смртни закани.

Претседателот на Србија Александар Вучиќ исто така е изложен и на брутални закани од Запад поради на Косово, пишува „Српски телеграф“, наведувајќи дека западните сили го уценуваат Вучиќ да го прифати нивното решение за Косово, а во спротивно ќе пласираат афера во врска со неговиот брат.

Идејата е, како што пишува „Телеграф“, преку медиумите да се пласираат измислени афери со обвинувања против Андреја Вучиќ, братот на српскиот претседател, кои ќе се пуштаат во јавност во клучни моменти „кога нешто ќе се случува во врска со Косово“.

Тоа го поврди и министерот за одбрана Александар Вулин, кој рече дека во Србија се подготвува медиумска група која треба да го нападне Вучиќ и неговите најблиски соработници и семејството.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.