Во големо невреме кое ја зафати централна и западна Индија, денеска загинаа најмалку 47 лица. Ветерот во некои делови од местата достигнуваше и до 50 километри на час.

Објавил: admin@magazin | 17 април, 2019 18:48

СМРТОНОСНО НЕВРЕМЕ: Индија ја зафати големо невреме, загинаа 47 лица !

Фото/Текст извор: ©онлине магазин

Најмалку 47 лица загинаа денеска во големо невреме, која ја зафати централна и западна Индија.

Во големо невреме кое ја зафати централна и западна Индија, денеска загинаа најмалку 47 лица. Ветерот во некои делови од местата достигнуваше и до 50 километри на час.

Оштетени се многу домови, откорнати дрва, оштетени се и далеководи во државите Madhija Pradeš, Gujarat, Maharaštr i Radžastan.

Во Radžastan загинаа најмалку 24 лица. Премиерот на Индија, Нарендра Моди напиша на Твитер дека изразува сочувство до фамилиите и најави помош на семејствата од жртвите.

Индија е држава лоцирана во Јужна Азија и го зафаќа поголемиот дел од индискиот потконтинент, опфаќајќи многу значајни и историски трговски рути. Климата во Индија е под силно влијание на Хималаите и пустината Тар, низ кои се распростираат монсуните.

Хималаите ја спречуваат Централна Азија од студениот Катабатски ветер, со што се одржува главниот дел од Индискиот континент потопол од повеќето локации со слична географска ширина. Пустината Тар игра клучна улога во привлекувањето на влажниот југозападен летен монсун, во период од јуни до октомври, кој обезбедува значителен процент на врнежи во Индија.

Четири големи климатски групации доминираат во Индија: тропски влажен , тропски сув, суптропски влажен и планински. Планински климатски тип се јавува на планините: Хималаи, Хиндикуш и Каракорум. Монсунски кл. тип се јавува на Индогангската Низина. Степски кл. тип се јавува на висорамнината Декан. Пустински кл. тип се јавува на пустината Тар.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести