Неодамна и САД потврди дека и се благодарни на Македонија, што е единствена земја, која примила назад во притвор над 80 активни џихадисти, затворени во борбите низ Сирија

Објавил: Мартин Попоски | 24 септември, 2018 9:07

Снајперисти Албанци се приклучија на џихадистите во Сирија, меѓу нив има и македонски државјанин

Фото/Текст извор: ©online/магазин.мк

Група снајперисти Албанци се приклучиле на џихадистите кои се борат во Идлиб, Сирија, објави “Франс соар” (France Soir).

Според весникот Албанците објавиле и подолго видео за нивната активност. Видеото трае 33 минути и 15 секунди и е насловено „Албански снајперисти во земјата Шамит“, како што џихадистите ја нарекуваат Сирија.

Според француслиот медиум, медиумот „Џамети Албан“ се чини дека е медиум за Албанците кои се регрутирани во Сирија во рамките на џихадистичката група Хајат Тахрир ал-Чам (Hayat Tahrir al-Cham). Во групата има стотина Албанци, предводени од Хатаби Албани.

Лидерот на Албанците, Абу Кутад Албани,  според “Франс соар” е многу близок со лидерот на џихадистичката група што доминира во Идлиб.

Инаку, еден Албанец наречен шеик Абу Катада ал-Албани, чие вистинско име е Абдул Јашари, македонски државјанин, беше воен лидер на Ал Нусра во 2016 година и фигурираше на црната листа на американското Министерство за финансии, наведува “Франс соар”.

Снајперистите Албанци користат пушки снајпери СВДс Драгунов, AK-74Мс со двогледи и придушувачи.

И претходно неколку џихадистички интернет медиуми пренесоа дека Албанците се главни снајперисти во џихадистички групи. 

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Анализа

Израел и Хамас 16-ти ден ги продолжуваат борбите, појасот Газа на раб на хуманитарна катастрофа. Рано утрово Израел изврши воздушни напади врз јужниот дел на Газа и најави дека ќе ги интензивира нападите на северот. Владата на политичкото крило на Хамас објави дека најмалку 55 Палестинци биле убиени во текот на ноќта.

Израел е подготвен за копнената офанзива во Газа

Израел е подготвен за копнената офанзива во Газа. Тел Авив ги повика жителите на Газа...

Москва повторно ја надмина Саудиска Арабија како главен снабдувач на нафта во Кина. Блискоисточната земја извезла 60,1 милиони тони во вредност од 36,49 милијарди долари во наведениот период, а Ирак е на третото место, снабдувајќи 40,3 милиони тони во вредност од 23,04 милијарди долари.

Извозот на сурова нафта во Кина во август се зголеми за 30,7 проценти во споредба со јули и порасна за 42,7 отсто во однос на вредноста, достигнувајќи 5,8 милијарди долари.

Во 2022 година Кина го зголеми купувањето на руска нафта за 8,2 проценти и тоа достигна 86,2 милиони тони. Цената на суровата нафта увезена од Русија се зголеми за околу 43,9 отсто, што изнесува 58,37 милијарди долари.

Кина купува повеќе руска нафта откако традиционалните западни купувачи ја избегнуваа како дел од санкциите поврзани со војната во Украина. По минатогодишното ембарго на Г7 и ограничувањето на цената на руската нафта, Москва активно ги пренасочува своите нафтени текови кон Азија.

Кина го зголеми увозот на сурова нафта од Русија за 25 отсто годинава

Цените на нафтата достигнаа ново највисоко ниво од ноември, при што барел брент во...

Вучиќ рече дека вчерашната рунда дијалог во Брисел завршила неуспешно, бидејќи Приштина не го прифатила компромисниот предлог на ЕУ на патот кон нормализација на односите!

САД разочарани од неуспехот на дијалогот меѓу Белград и Приштина

САД изразија разочарување што не беше постигнат напредок во последната рунда од дијалогот...

Во Загреб цена на метар квадратен нов стан во првата половина од годината изнесува 2.623 евра, а просечната плата во Загреб е 1.303 евра.

Просечната цена на метар квадратен нов стан во Хрватска 2.200 евра

Просечната цена на метар квадратен нов стан во Хрватска во првата половина од годинава...