Прочитајте каде има забрана за движење на тешки товарни возила

Објавил: Узунов Бобан | 26 јануари, 2019 7:28

Снег ја затрупа Македонија-надлежните изненадени

Фото/Текст извор: ©магазин

Моќниот Марко во текот на денешниот ден услови интензивни врнежи претежно од снег со што на многу места дојде до значително зголемување на снежната покривка, истата на високите и планинските места изнесува дури и еден метар па и повеќе.

До утре наутро снежните врнежи ќе продолжат а во текот на утрешниот ден истите ќе се намалуваат и полека ќе престануваат, на повисоките и планинските места белата покривка ќе се зголеми дури за над 50 сантиметри додека на пониските за 10 до 20 сантиметри, и понатаму ќе продолжи да дува умерен до засилен северен ветер.

Минималните температури оваа ноќ ќе се спуштаат во интервалот од -7 до 1 степен додека на високите и планинските места истите ќе се спуштат и под -10 степени, поради ниските температури ќе има појава на голомразица па така на граѓаните им препорачуваме да бидат крајно претпазливи каде и како се движат, исто крајна претпазливост и за возачите, особено доколку минуваат низ планинските превои во државава.

Уште постудено утро ќе имаме во недела наутро кога минималните температури ќе се спуштат во интервалот од -10 до -1 степен. На повеќе патни правци во државата има забрана за движење на товарни возила

Нов влажен бран со врнежи од дожд и од снег ќе има веќе од понеделник навечер.

Во продолжение погледнете каде има забрани за движење на товарни возила:

ЗАБРАНИ ЗА ТЕШКИ ТОВАРНИ ВОЗИЛА:
Од 21:15 часот, воведена е забрана за сообраќај на тешки моторни возила на патниот правец Ресен – Охрид преку планинскиот премин Буково.
Од 21:00 часот на патниот правец Кичево-Охрид преку планискиот премин Пресека е воведена забраната за движење на тешки моторни возила.
Од 20:00 часот e воведена забрана за движење на тешки товарни возила на патниот правец Македонски Брод – Прилеп, преку планинскиот премин
Барбарос.
На патниот правец Крива Паланка – Деве Баир воведена е забрана за тешки товарни возила.
Од 18:40 часот воведена е забрана за сообраќај на тешки товарни возила на планинскиот премин Ѓавато.
Од 19.00 часот е воведена забрана за движење на тешки товарни возила на патниот правец Велес – Катланово.
Од 18:30 часот воведена е забрана за сообраќај на тешки товарни возила на планинскиот премин Плетвар.
Од 18.30 часот е воведена забрана за движење на тешки товарни возила на патниот правец Дебар – Струга.
Од 07:35 часот е воведена забрана на движење за тешки товарни возила и автобуси на патниот правец Тетово – Попова Шапка.
Забрани за тешки товарни возила има на патот Дебар – Маврови Анови.. (АМСМ).

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.