Германската метеоролошка служба ДВД апелираше до граѓаните да останат дома, а властите им помагаа на бездомниците засолнувајќи ги во топлите засолништа, пренесе АП.

Објавил: Мирко Бачиќ | 7 февруари, 2021 16:28

СНЕЖНО НЕВРЕМЕ ВО ГЕРМАНИЈА: Повеќе од 200 сообраќајки, железничките не работат- ХАОС на улиците!

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Снежна бура и силни ветрови ги погодија северна и западна Германија денес, што предизвика прекин на железничкиот сообраќај, а се случија 222 сообраќајни несреќи во кои беа повредени 28 лица, од кои две потешко, објави германската полиција.

Германската метеоролошка служба ДВД апелираше до граѓаните да останат дома, а властите им помагаа на бездомниците засолнувајќи ги во топлите засолништа, пренесе АП.

Раководството на железничкиот превозник „Дојче Бан“ објави дека се затворени главните железнички линии меѓу Хамбург, Хановер и Берлин, како и оние на запад, бидејќи снегот се натрупувал на шините.

Во градот Минстер, еден од најпогодените градови, имаше толку многу снег на улиците што амбулантите не можеа да поминат, а јавниот превоз беше во прекин.

Повеќе од 30 сантиметри снег падна во тој град, а во некои населени места снежните наноси се искачија до еден метар високи.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Криза

Авиони на израелското воздухопловство бомбардираа 130 цели на движењето Хамас во појасот Газа во последните три часа. Портпаролот на палестинската Црвена полумесечин,а Мухамед Абу Мусабих изјави за Ал Арабија дека во моментов нема безбедни места во Газа, додавајќи дека секторот од север кон југ е под континуирано гранатирање.

„Тајмс оф Израел“ цитираше висок израелски функционер дека војната во Газа „ќе продолжи со денови или недели, можеби и подолго“.

„Нападите врз Газа ќе бидат извршени со максимална сила и во најголем обем, дури и ако тоа е на штета на израелските граѓани кои се затворени таму“, додаде тој.

Израелска армија: Ја презедовме контролата на целиот граничен појас со Газа

Портпаролот на израелската армија Даниел Хагри изјави дека армијата е во состојба...

Претседателот Володимир Зеленски во своето ноќно видео обраќање вети дека Украина на крајот ќе ги врати градовите што ги изгуби од почетокот на сеопфатната инвазија на Русија на 24 февруари.

Руски проектили погодија станови во Киев

Повеќе експлозии одекнаа во станбена населба во украинскиот главен град рано на 26...