Имено Сноуден сега советува како да внимаваме на своите телефони и да се спасиме од шпионирање. Тој на “Joe Rogan Experience” објави бројни теми во врска со сајбер безбедноста и разузнавањето и објаснува на кој начин разузнавачите ги шпионираат луѓето и дали ЦИА поседува информации за вонземјани. Сноуден исто така откри и како се шпионираат луѓето преку нивните мобилни телефони.

Објавил: Катерина Крстиќ | 27 октомври, 2019 21:49

СНОУДЕН ОТКРИВА: Еве како разузнавачите ги следат луѓето преку телефон

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Поранешниот американски разузнавач на ЦИА и соработник на НСА,Едвард Сноуден кој стана американски „државен непријател број 1“ откако во јавноста објави документи во кои се открива како американските разузнавачки служби ги шпионираат американските граѓани.

Сноуден по објавувањето на документите од ЦИА, избегал најпрво во Хонгконг, а покасно во Москва, 23 јуни 2013 година го дочекал дипломатскиот автомобил кој веројатно припаѓал на Еквадор. Сноуден добил помош од организацијата Викиликс и нејзиниот основач Џулијан Асанж.Откако одбил азил од поголем број држави, 6 јули 2013 година Венецуела му понудила азил на Сноуден. Меѓутоа 1 август 2013 година добил азил од Русија.

Имено Сноуден сега советува како да внимаваме на своите телефони и да се спасиме од шпионирање. Тој на “Joe Rogan Experience” објави бројни теми во врска со сајбер безбедноста и разузнавањето и објаснува на кој начин разузнавачите ги шпионираат луѓето и дали ЦИА поседува информации за вонземјани. Сноуден исто така откри и како се шпионираат луѓето преку нивните мобилни телефони.

„Имате мобилен некаде во собата. Мобилниот е исклучен, барем екранот му е исклучен. А, кога некој ќе ви испрати порака, екранот оживува. Како е тоа можно?“, се запраша Едвард Сноуден.

„Мобилните денес се сеприсутни и се главниот начин за прислушкување затоа што луѓето ги користат почесто и од компјутерите. Кога и да ви е мобилниот вклучен, постои запис за вашата присутност на тоа место“, вели Сноуден и додава дека ако телефонот ви е вклучен, тогаш нема што да направите.

„Секој паметен телефон, секој мобилен е секогаш поврзан со најблискиот репетитор. Дури и кога екранот му е исклучен и мислите дека не работи ништо, не можете тоа да го видите затоа што емисиите на радиофреквенциите се невидливи. Но, телефонот „врска“ во воздухот говорејќи – тука сум, тука сум“, открива Сноуден кој утврдил дека записот на вашата присутност на некое место ќе постои ако со себе го носите телефонот.

Сноуден тврди дека шпишнирањето на мобилните телефони се прави без разлика дали сте осомничен или „најобичниот човек на светот“ а владата ги собира тие податоци надевајќи се дека еден ден би биле корисни, тој ги советува корисниците на мобилни телефони дека најдобро е да ги исклучат.

 

 

 

 

 

 

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.