Ова е прв таков случај по ескалацијата на судирите во последните месеци на северозападот на Сирија.

Објавил: Рејхан Бајрами | 14 август, 2019 22:42

Исламисти соборија воен авион на сириската Влада – ПИЛОТОТ ЗАРОБЕН!

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Како што соопшти невладиниот Центар за мониторинг на човековите права во таа земја, џихадисти соборија авион на сириската Влада и го заробија пилотот.

Авионот -ловецот Сухој ја надлетувал областа источно од Хан Шејхун, клучен град на југот на Идлиб, изјави директорот на Центарот, Рами Абдел Рахман.
Откако пилотот се катапултирал, припадниците на групата Тахрир ал-Шам го заробиле.

Рахман, исто така, рече дека тоа е првиот соборен сириски авион откако во април, сириските владини сили и нивните руски сојузници речиси секојдневно вршеја бомбардирање на покраината Идлиб и делови од соседните Алепо, Хама и Латакија.

Во соопштение објавено на Телеграм џихадистичката група вели дека воениот авион бил соборен во близина на градот Ел Таманаха во јужниот дел на Идлиб.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.