И останатите неколку точки од оваа седница се по скратена постапка!

Објавил: Владо Марин | 9 октомври, 2020 9:04

Собранието ќе ја продолжи 15. седница

Фото/Текст извор: ©Магазин.мк

– Собранието на Република Македонија во 12:00 часот ќе ја продолжи 15. седница на која на дневен ред, меѓу другите, е Предлог на законот за задолжување на Република Македонија со заем кај Меѓународната банка за обнова и развој – Светска банка по Договорот за заем за финансирање на Проектот за итно справување со COVID-19 во Македонија, по скратена постапка.

И останатите неколку точки од оваа седница се по скратена постапка и тоа измените и дополнувањата на Законот за враќање на дел од данокот на додадена вредност на физичките лица, на Законот за високообразовните установи за образование на наставен кадар во предучилишното воспитание, основното и средното образование, на Законот за студентскиот стандард и дополнувањето на Законот за ученичкиот стандард.

На оваа седница пратениците ќе дебатираат и за Предлог на закон за спречување и заштита од дискриминација(*), кој е во прво читање, како и измените на Законот за заштита на укажувачи, измените и дополнувањата на Законот за судските такси, на Законот за автокампови и на Законот за скијалишта.

На пленарната седница ќе и претходи седница на Комисијата за финансирање и буџет, на која на девен ред е Предлог – закон за задолжување на Република Македонија со заем кај Меѓународната банка за обнова и развој – Светска банка по Договорот за заем за финансирање на Проектот за итно справување со COVID-19 во Македонија, по скратена постапка – II читање!

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Политика