Додека има поплави треба да се избегнува движење со возила.

Објавил: admin@magazin | 15 мај, 2019 7:57

СОВЕТИ: Еве што не смеете да правите во случај на поплава!

Фото/Текст извор: ©онлине магазин

Целиот регион во текот на изминативе денови го зафати невреме и поплави.

Обилните дождови во Босна и Херцеговина и Хрватска предизвикаа големо излевање на водостојот во повеќе реки, поплавувајќи десетици куќи во повеќе населени места и голем број патишта, зголемувајќи ги стравувањата од можно повторување на големите поплави од 2014-тата година, кога водената стихија усмрти голем број луѓе од тој регион.

Хрватска и БиХ се соочуваат со обилни поплави, а хрватските служби ја информираа јавноста што луѓето не треба да прават во случај на поплави.

. Луѓето никако да не влегуваат во вода, затоа што тоа би било смртоносно.
. Статистички, во светот 50% од луѓето кои загинале за време на поплави, биле во автомобил.
. Додека има поплави треба да се избегнува движење со возила.
. Граѓаните да останат смирени, да обезбедат питка вода, храна и лекови за неколку дена.
. Да ги наполнат телефоните, но и на интернет да следат колкави се водостоите на реките.
. Да ги следат упатствата на дежурните служби, а мебелот да го кренат повисоко.
. Во случај на интервенција да се повикаат дежурните служби.

Поплава е природна појава (непогода), којашто се појавува заради високиот водостој во реките и езерата, поради што водата се прелива или излива од коритата и го поплавува околното подрачје. Причините што водат до висок водостој во реките и езерата се најчесто топење на снегот, обилни врнежи од дожд или некоја голема бура, попуштање на брана и слично.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Совети

Водата е неопходна за правилно функционирање на телото. Околу 2/3 од телесната тежина кај луѓето отпаѓаат на водата. Човечкото тело губи најмногу вода преку дишењето и потењето.

Што да не пиете ако сте дехидрирани!

До дехидрација најлесно може да дојде во текот на летото, особено во жежок август, кога...

Но секако ниту еден дом не смее да помине без прекрсната божиќна ѕвезда, или божиќното цвеќе кое внесува раскош во домот. 

Неколку трикови како да одгледувате Божиќна ѕвезда – најубавиот декор во домот!

Ова е периодот од годината кога новогодишната магија настапува во сечиј дом. Секако...

Мевлемот ги елиминира вишокот маснотии и вода од организмот, но ја подобрува и функцијата на мозокот, го подобрува памтењето, го подобрува слухот и видот.

РЕЦЕПТ ЗА УСПЕШНО СЛАБЕЕЊЕ: Свеж рен, лимон и мед!

Испробан рецепт за слабеење околу половината. Многу стар рецепт кој моментално станува...