Извесно е дека до крајот на мандатот ќе бидат исполнети целите и од останатите столбови на програмата, како што се минимална плата од 16.000 денари.

Објавил: Перо Милчин | 14 септември, 2019 18:30

СОВЕТНИКОТ НА ЗАЕВ ЗАБРЧАНЕЦ СЕ ПОФАЛИ НА ФБ: -Парите кај граѓаните – исполнето!

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Извесно е дека до крајот на мандатот ќе бидат исполнети целите и од останатите столбови на програмата, како што се минимална плата од 16.000 денари – напиша Марјан Забрчанец на својот ФБ профил.

Марјан Забрчанец кој е посебен советник на премиерот за односи со јавноста, на социјалните мрежи сподели статус во кој вели дека „На повеќе од година дена до истекот на мандатот, еден од петте носечки столбови на програмата на СДСМ од 2016 година, “За живот во Македонија”, е целосно исполнет“.

Извесно е дека до крајот на мандатот ќе бидат исполнети целите и од останатите столбови на програмата, како што се минимална плата од 16.000 денари – напиша Марјан Забрчанец на својот ФБ профил.

-Парите кај граѓаните – исполнето! 

На повеќе од година дена до истекот на мандатот, еден од петте носечки столбови на програмата на СДСМ од 2016 година, “За живот во Македонија”, е целосно исполнет.

Дополнително, социјалната помош е покачена за 300%, земјоделците точат нафта поевтина за 30%, ДДВ-то за парно се намали од 18% на 5% и следуваат субвенции за бесплатни инвертери за еколошко греење во домаќинствата. Сѐ ова е насочување на парите кај граѓаните, за семејствата да имаат поголем буџет, пишува Марјан Забрчанец.

Извесно е дека до крајот на мандатот ќе бидат исполнети целите и од останатите столбови на програмата, како што се минимална плата од 16.000 денари, просечна плата од 30.000 денари, доволно лекови за сите во секое време, дигитални услуги, бесплатни обуки за преквалификација на работната сила, и се разбира, судство ослободено од партиски притисоци, судство кое гони и покрева одговорност за секого, тврди Забрчанец!

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.