Бомба на поранешниот советник на министерот за финансии

Објавил: Узунов Бобан | 24 јуни, 2019 7:18

Советникот на министерот за финансии Тевдовски, Јовановиќ: Се местеа милионски тендери

Фото/Текст извор: ©магазин

Бранимир Јовановиќ поранешниот советник на сега веќе поранешниот министер за финансии Драган Тевдовски, е познат во јавноста како човекот по чија иницијатива беше воведена акциза на горивата, а и како поранешен член на партијата Левица кој беше исклучен токму поради неговиот ангажман во Министерството за финансии.

Јовановиќ коментирајќи ја смената на министерот Тевдовски, смета дека не требало да се смени актуелниот министер, туку оние кои “местеле милионски тендери и трошеле државни пари а ништо не работеле”

Тврдења на советник на поранешен министер за финансии дека се местеле милионски тендери е допрен глас до Јавното обвинителство кој треба да го земе серозно и да се отвори истрага по вакви јавни тврдења. 

Фејсбук статусот на Бранимир Јовановиќ:

Кога ме праша дали сакам да му бидам советник, му кажав дека не сме, ни тој, ни јас, за овдешната политика. Неговиот одговор беше дека можеби сум во право, ама дека сепак имаме должност да пробаме да ги смениме работите.

Постојано кажуваше дека сака да биде како министерот за финансии во Данска – да не се наметнува многу во јавноста, ама системот да функционира. Мислам дека успеа во тоа. За жал, далеку сме ние од Данска. Кај нас, ако ти не се наметнуваш, некој корумпиран хоштаплер ќе се наметне, и ќе работи против тебе.

Не знаев за сменава кога јас се повлеков, и воопшто не ја очекував. Мислев дека “метлата” требаше да ги фати оние кои работеа за личен интерес наместо за јавниот, оние кои местеа милионски тендери, оние кои трошеа државни пари а ништо не работеа…

Можеби има нешта кои не ги знам во целава работа, ама едно знам. Ако државава ги менува оние кои работат чесно и вредно, кои прават реформи, кои се жртвуваат за општото добро, никогаш нема да ја биде

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.