Според она што го вели Наваро,  Кина уште кога дознала за првиот случај, можела да го запре ширењето на вирусот, така што ќе ги затвореше сите граници, но и ќе воведеше забрана за влез и излез во Вухан.

Објавил: Катерина Крстиќ | 18 мај, 2020 12:03

Советник на Трамп ја обвини Кина: Намерно беа испраќани туристи по светот за да го рашират вирусот!

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Питер Наваро советникот на американскиот претседател Доналд Трамп за економски прашања  денеска изјави дека Кина намерно испраќала туристи низ светот да се рашири вирусот корона.

-Нулта пациентот во провинцијата Вухан се појави во ноември. Кинезите се кријат зад СЗО, два месеци го криеле вирусот од светот, а потоа испратиле стотина луѓе со авион во Милано, Њујорк и по цел свет за да го „посеат“ – изјавил Наваро.

Вухан е местото од каде практично почна и да се шири коронавирусот низ светот…

Според она што го вели Наваро,  Кина уште кога дознала за првиот случај, можела да го запре ширењето на вирусот, така што ќе ги затвореше сите граници, но и ќе воведеше забрана за влез и излез во Вухан.

-Ете зашто велам дека Кинезите тоа им го направиле на Американците и треба да сносат одговорност за тоа – објаснил советникот на Трамп.

Како и СЗО така и здравствениот советник на Кинеската влада Зинг Наншан за СИ- Ен- Ен изјави дека опасноста од втор бран зараза и понатаму е голема, и дека на есен се очекува уште поголем бран со поголем бројна смртни случаи.

„Повеќето Кинези во овој момент и понатаму се осетливи на можна зараза со Ковид-19 поради недостаток на имунитет. Соочени сме со голем предизвик, мислам дека во овој момент ситуацијата ене ништо подобра отколку во странските земји“, предупреди Зонг.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.