Иван Исцелител е млад амбициозен човек од Куманово, а неговиот блажен поглед, биоенергија и моќ за предвудување се познати од Старо Нагоричане до Виена!

Објавил: Мате Парлоф | 31 мај, 2019 10:26

Советниците на Заев со уште еден колега, Иван Исцелител!

Фото/Текст извор: ©магазин

Истражувачката екипа на Магазин откри уште едно звучно име меѓу надворешните соработници на премиерот, станува збор за надалеку познатиот Иван Исцелител. Заев има вкупно 39 надворешни советници од речиси сите области – од економија, дипломатија, регионална политика, спорт, односи со јавноста, но сепак му фалел советник кој е видовит и може да помогне во предвидувањето на датумот за членство на Македонија во ЕУ. Иван Исцелител го гледал во живо обраќањето на премиерот Заев во Собранието и веднаш потоа му се јавил и му ги понудил своите советнички услуги. Пресудно за ангажманот на Иван Исцелител било што го уверил премиерот Заев дека има директни конекции со кабинетот на канцеларот Курц во Виена, на кого вчера му предвидел дека завчера ќе му биде изгласана недоверба на владата. Ваквиот силен аргумент бил доволен за Иван Исцелител да биде ангажиран за  советник за „телепатска и парапсихолошка соработка со Австрија и Кнежевството Лихтенштајн“, за месечен хонорар од 66.000 денари. Иван Исцелител инсистирал во хонорарот да има две шестки, заради совпаѓање со нумеролошката вредност на Виена, на што Заев се согласил. Се очекува плодна соработка!

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Сатира

Министерството за транспорт и врски денес соопшти дека по долги консултации со експерти од министерството за здравство, донесена е одлука за затворање на новиот експресен автопат што ги поврзува Охрид и Кичево и стопирање на сите што патуваат по него.

Нови мерки против Ковид 19: Затворен автопатот Охрид – Кичево

Министерството за транспорт и врски денес соопшти дека по долги консултации со експерти...

Одговорност од прв до последен за сите што си ги мереле со Рената мора да има. За никој да не се дрзне утре да си го мери со Радмила!

Костадинов: Мицкоски да каже кои ВМРОвци си го мереле со Рената Дескоска!

Борецот за правда и антикорупција, Костадин Костадинов Манулач, кого цел регион го...