Инаку Духовден или Дуовден е еден од најголемите 12 христијански празници и е еден од најрадосните и најсветли празници во христијанството во кој се слави слегувањето на Светиот Дух врз апостолите на педесеттиот ден од Христовото воскресение. Овој настан претставува исполнување на старозаветните месијански пророштва.

Објавил: Катерина Крстиќ | 11 јуни, 2019 22:28

Совет од отец Бобан за Задушница: Не оставајте храна на гробовите, не ноќевајте на гробишта

Фото/Текст извор: ©Магазин.мк

Во петок и сабота е голем празник на православните христијани Задушница кои на овој ден оддаваат помен за мртвите, а во недела е Духовден. 

На Задушница се сеќаваме на блиските лица кои се починати, ги посетуваме нивните гробови и палиме свеќи за покој на душата. Тоа е ден посветен на молитивите за покојните роднини и пријатели.

Отец Бобан Митевски, за порталот Религија.мк објаснува дека Задушница и Духовден се всушност две различни работи. Отец Бобан вели дека гоема е болката која ја чувствуваме за своите ближни кои починале, но црквата не се согласува и е против носење на храна на гробовите и исто така додава дека треба да се прекине и со оној адет за ноќевањето на гробишта. Отец Бобан вели дека доволно е на гробот да се однесе вино,лепче и пченица, а обилната храна која ја носиме на гробиштата да се раздаде на сиромашни семејства во името на починатиот.

Секоја сабота е посветена на починатите, односно сабота е ден кога треба да принесуваме жртви за починатите, но во текот на годината постојат и такви денови Задушници, кои траат едно црковно деноноќие на кои се ммолиме посетувајќи ги гробовите на починатите или пак во црква,вели отец Бобан.

Инаку Духовден или Дуовден е еден од најголемите 12 христијански празници и е еден од најрадосните и најсветли празници во христијанството во кој се слави слегувањето на Светиот Дух врз апостолите на педесеттиот ден од Христовото воскресение. Овој настан претставува исполнување на старозаветните месијански пророштва.

Педесетницата се нарекува уште и „крај на празниците“, ден преку кој се довршува историјата на Спасението остварено преку Исус Христос токму поради тоа што православното учење како една службите на Месијата го назначува токму крштевањето преку Светиот Дух, односно Негово излевање врз човештвото. Иако Духот делува и пред и по Педесетницата, на овој ден Тој се покажува во Својот ипостас, а сѐ со цел самата историја на Спасението да се направи совршена. На овој ден започнува икономијата на Светиот Дух, Тој е Оној Кој го собира Божјиот народ во телото Христово, односно Црквата.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести