Политиката влезе во институцијата на македонските композитори со 70 годишна традиција

Објавил: Стефан Каневче | 23 април, 2019 15:32

Сојузот на композиторите пред распад

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Сојузот на композиторите на Македонија – СОКОМ е пред распад. На последната седница на Собранието на СОКОМ, Претседателот Сони Петровски си поднесе оставка поради притисокот од определени членови на СОКОМ блиски до Роберт Алаѓозовски.

Како што информираат членови на СОКОМ кои сакаат да останат анонимни, зад целата акција за смена на Сони Петровски стојат музикологот Марко Коловски и композиторката Јана Андреевска потмомогнати од претседателот на Собранието на СОКОМ Јане Коџабашија. Наводно, причината за несогласувањата внатре во редовите на СОКОМ е поради откриените злоупотреби од страна на Коловски и Андреевска кои со години наназад како членови на претседателството на СОКОМ и потпретседатели ги злоупотребувале своите позиции заради остварување на лични интереси.

Музикологот Марко Коловски е истакнат музиколог и автор и повеќе книги за македонската музика. Коловски беше еден од кандидатите за Директор на НУ Танец, но позицијата беше резервирана за Мартин Вучиќ. Коловски важи за близок соработник на Националниот координатор за култура Роберт Алаѓозовски, а беше член на комисијата за Годишната програма минатата година додека Алаѓозовски беше Министер за култура.

На последната седница на Собранието, Петровски обелодени документи за злоупотребите на потпретседателите на СОКОМ. Јана Андреевска земала дупло повисок хонорар од износот определен со Правилиникот за надоместоци, додека Марко Коловски преку две други здруженија контронлирани од него (здружението Музичко издавачки центар-МИЦ и Балкански музички форум – БМФ) со години добивал огромни средства од Министерството за култура за изданија на авторите од СОКОМ што е спротивно на Законот за здруженија и фондации. Петровски откри дека постојат индиции дека злоупотребни биле повеќе од 100.000 евра без соодветни одлуки на Претседателството на СОКОМ и поради поставеноста на Статутот кои самите тие го скроиле во кои финансиските ингеренции биле потполно одземени од Претседателот на СОКОМ, токму на почетокот на неговиот мандат во 2012 година.

По откривање на скандалот од страна на Сони Петровски кој воопшто не бил потписник на сметката во текот на целиот негов мандат (потписници биле Марко Коловски и генералниот секретар), и по разрешување на Марко Коловски и пензионирање на генералниот секретар, започнаа притисоците за смена на Петровски преку Министерството за култура кое ги одземе доделените средства кои првично биле одобрени и објавени во Годишната програма. 

Композиторката Јана Андреевска е селектор на програмата на Денови на македонска музика цела деценија.

Иако без одобрен буџет за реализација на манифестацијата Денови на македонска музика, Јана Андреевска на своја рака, без соодветни одлуки на органите на СОКОМ веќе реализираше четири концерти кои чинат околу 600.000 денари. Членовите на СОКОМ се прашуваат како може Јана Андреевска спротивно на одлуките на Претседателството  да организира концерти користејќи ги имињата на СОКОМ и ДММ и укажуваат на негативните ефекти од ваквите постапки. Кој ќе ги сноси трошоците за реализираните концерти? Кој и ветил средства на Јана Андреевска кога сеуште не пристигнал одговор од Министерството? Дали смената на Сони Петровски е предуслов да се добијат средства од Министерството?

На вонредната седница која се одржа пред 2 недели, зад чија организација стојат токму Коловски и Андреевска, а на која побараа суспензија на претседателот и избор на в.д. Претседател спротивно на Статутот на СОКОМ, Собранието на СОКОМ не го прифати предложениот дневен ред. Напротив, членството побара ревизија на работата на СОКОМ од почетокот на мандатот на Марко Коловски кога, според информациите презентирани од  Петровски, биле подигани по околу 15.000 евра годишно како материјални трошоци.

Во изминатите денови струјата е исклучена во СОКОМ а закажана е седница за утре на која се очекува расплет на целата ситуација со отворање постапка за избор на ново раководство на СОКОМ.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Култура

Во 1871 година го објавил препевот на „Илијадата“, но бил жестоко искритикуван, од бугарската критика бидејќи пишувал на општословенски, а не на бугарски литературен јазик (кој не го знаел добро).

ЗА ЖИВОТОТ НА ГРИГОР ПРЛИЧЕВ – „СЕРДАРОТ“

Татко му починал кога тој бил шестмесечно бебе, па грижата за семјството паднала врз...

Градоначалничката на Градот Скопје, Данела Арсовска, денеска присуствуваше на промоцијата на Организацијата за безбедност и соработка во Европа (ОБСЕ) и УСАИД, каде беше промовирано „Упатството за огранизирање заеднички наставни часови

Град Скопје лидер во меѓуетничката интеграција во образовниот процес!

Град Скопје лидер во меѓуетничката интеграција во образовниот процес! Градоначалничката...