Тиквите се одгледуваат заради плодовите кои содржат сува материја (8-16%), а во неа има: шеќери (3–8%), пектини (0,3–0,8%), азотни материи (0,3-1,2%), каротин (20%).

Објавил: Мирко Бачиќ | 4 февруари, 2020 21:31

СОК ОД ТИКВА- енергетска бомба за вашиот организам

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Тикви се едногодишни растенија од фамилијата Cucurbitaceae. Потекнуваат од Централна Америка. Познати се повеќе видови, а позначајни се:
обична готварска (Cucurbita pepo var. cylindrica), мускатна (Cucurbita moshata) и печенка (Cucurbita maxima).

Тиквите се одгледуваат заради плодовите кои содржат сува материја (8-16%), а во неа има: шеќери (3–8%), пектини (0,3–0,8%), азотни материи (0,3-1,2%), каротин (20%). Се консумираат варени, пржени или печени. Мускатната се користи и како додаток во сокови и за детска храна.

Обичната и мускатната тиква имаат цилиндрично стебло, додека бундевата има петоаголно стебло.

Семето е богато со масло, кое се користи во индустријата. Се одгледуваат на отворено. Тие се топлољубиви, оптималната температура за интензивен раст и развој е 25-30 степени Целзиусови.

Тиквата има добро развиен коренов систем кој достигнува длабочина преку еден метар. Главната коренова маса е развиена на длабочина од 50 см.

Стеблото на тиквата е зелјесто, разгрането, обраснато со мов. На стеблото може да има боцки. Должината на главното стебло достигнува од 3-4 метри. Обичната и мускатната тиква имаат цилиндрично стебло, додека бундевата има петоаголно стебло.

Интернодиите кај тиквичката се многу кратки и таа формира жбунесто стебло. На коленцата на стеблата можат да се формираат адвентивни корења.

Подготовка на сок од тиква!

Изобилува со хранливи материи, а бидејќи има само 28 калории во 100 гр, таа е идеална намирница за здраво слабење.

Состојки:

3 кгр. исчистена тиква

4,5 л. вода

400 гр. шеќер

2-3 лимона или 3-4 лимонтуси

2 кесички прашак сок од кајсија или ананас или екстрати

Подготовка:

Тиквата сварете исечете ја на помали парчиња, сварете во 2,5 л. вода и оставете да се излади. Посебно сварете го остатокот од водата со шеќерот, оладете, додајте го сокот од лимон.

Тиквата испасирајте ја со блендер и додајте во шеќерната вода со лимонот. Додадете и прашаците за сок или екстратите, измешајте, наполнети ги шишињата, затворете и ставете во вода да се пастеризираат.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Совети

Водата е неопходна за правилно функционирање на телото. Околу 2/3 од телесната тежина кај луѓето отпаѓаат на водата. Човечкото тело губи најмногу вода преку дишењето и потењето.

Што да не пиете ако сте дехидрирани!

До дехидрација најлесно може да дојде во текот на летото, особено во жежок август, кога...

Но секако ниту еден дом не смее да помине без прекрсната божиќна ѕвезда, или божиќното цвеќе кое внесува раскош во домот. 

Неколку трикови како да одгледувате Божиќна ѕвезда – најубавиот декор во домот!

Ова е периодот од годината кога новогодишната магија настапува во сечиј дом. Секако...

Мевлемот ги елиминира вишокот маснотии и вода од организмот, но ја подобрува и функцијата на мозокот, го подобрува памтењето, го подобрува слухот и видот.

РЕЦЕПТ ЗА УСПЕШНО СЛАБЕЕЊЕ: Свеж рен, лимон и мед!

Испробан рецепт за слабеење околу половината. Многу стар рецепт кој моментално станува...