Рецепт за брза торта со палачинки.

Објавил: admin@magazin | 8 февруари, 2022 19:30

Солена торта со палачинки

Фото/Текст извор: ©онлине / магазин

Солена торта од палачинки, на која никој не може да и одолее.

Оваа торта од палачинки се прави брзо и лесно и верувајте дека ако ја направите еднаш, ќе посакате веднаш пак да влезете во кујна и да ја направите пак за вашите најмили.

Готовата торта од палачинки обложете ја со мајонез и украсете ја по желба.

Состојки :

200 гр моркови
100 гр спанаќ
75 мл инстант супа
кесичка желатин
600 гр крем сирење
сол
бибер
6 палачинки
200 гр рендан кашкавал
200 гр шунка Пекабеско
300 мл мајонез

Начин на подготовка:

Сварете ги морковите и испасирајте ги. Кратко бланширајте го спанаќот и испасирајте го.Подгответе желатин и измешајте го во сирењето. Додајте рендан кашкавал. Разделете на два дела и во еден измешајте моркови, а во друг спанаќ.
Редете палачинки, намачкајте ги наизменично со подготвените кремови и редете шунка.
Тортата обложете ја со мајонез и украсете ја по желба.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.